1. Самоилова
4 А Самоил му ги пренесуваше Божјите зборови на целиот Израел.
Тогаш Израеловите синови излегоа во борба против Филистејците и се улогорија кај Евен-Езер,+ а Филистејците се улогорија во Афек.+ 2 Филистејците се наредија во борбени редови+ против Израел и започна битката во која Филистејците беа посилни, така што го поразија Израел,+ убивајќи на бојното поле околу четири илјади луѓе. 3 Кога народот дојде во логорот, старешините на Израел рекоа: „Зошто Јехова нѐ порази денес пред Филистејците?+ Да го земеме од Сило ковчегот на Јеховиниот сојуз+ за да биде меѓу нас и да нѐ избави од рацете на нашите непријатели“. 4 Така народот испрати луѓе во Сило и оттаму го донесоа ковчегот на сојузот на Јехова над војските, кој седи над херувими.*+ А двата сина на Илиј, Офни и Финес, го придружуваа ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.+
5 Кога ковчегот на Јеховиниот сојуз стигна во логорот, сите Израелци почнаа гласно да извикуваат,+ така што земјата потреперуваше. 6 Филистејците го чуја големото викање, па рекоа: „Какво е тоа големо викање+ во логорот на Евреите?“ На крајот дознаа дека Јеховиниот ковчег стигна во логорот. 7 Тогаш Филистејците се исплашија, па рекоа: „Бог дошол во логорот!“+ И рекоа: „Тешко нам, зашто такво нешто се нема случено никогаш порано! 8 Тешко нам! Кој ќе нѐ избави од раката на тој моќен Бог? Тој Бог го удри Египет со секаков вид помор во пустината.+ 9 Бидете храбри и држете се јуначки, Филистејци, за да не им служите на Евреите како што тие ви служеа вам!+ Држете се јуначки и борете се!“ 10 Тогаш Филистејците тргнаа во борба и ги поразија Израелците,+ така што секој побегна во својот шатор.+ Колежот беше многу голем,+ и паднаа триесет илјади пешаци од Израел.+ 11 Ковчегот беше запленет,+ а двата сина на Илиј, Офни и Финес, загинаа.+
12 А еден од Венијаминовите синови отрча од бојното поле и уште во истиот ден стигна во Сило со раскината облека+ и со глава посипана со прав.+ 13 Кога стигна, Илиј со исчекување седеше на столот покрај патот, зашто срцето му трепереше поради ковчегот на вистинскиот Бог.+ И кога оној човек дојде и го извести градот за сѐ, настана викотница низ целиот град. 14 А Илиј ја слушна големата викотница, па праша: „Каков метеж е тоа?“+ И оној човек дојде брзо за да го извести Илиј за сѐ. 15 А Илиј имаше деведесет и осум години и повеќе не гледаше, зашто ослепе.+ 16 Тогаш човекот му рече на Илиј: „Доаѓам од бојното поле, денес побегнав од бојното поле“. А тој го праша: „Што се случило, сине?“ 17 А гласникот одговори: „Израел побегна пред Филистејците и народот доживеа тежок пораз.+ Загинаа и твоите два сина, Офни и Финес,+ а ковчегот на вистинскиот Бог е запленет“.+
18 Кога овој го спомна ковчегот на вистинскиот Бог, Илиј падна од столот наназад кај градската порта, си го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок. Беше судија во Израел четириесет години. 19 А неговата снаа, жената на Финес, беше бремена и пред пораѓање. Кога ја слушна веста дека е запленет ковчегот на вистинскиот Бог и дека загинале нејзиниот свекор и нејзиниот маж, се свитка и почна да се пораѓа, зашто одеднаш ја фатија родилни болки.+ 20 И додека таа умираше, жените што стоеја покрај неа ѝ рекоа: „Не плаши се, зашто роди син“.+ Но таа не одговори и не ѝ беше грижа за тоа. 21 На детето му го даде името Ихавод,*+ велејќи: „Славата отиде од Израел во изгнанство“.+ Со тоа мислеше на запленетиот ковчег на вистинскиот Бог и на својот свекор и на својот маж.+ 22 И рече: „Славата отиде од Израел во изгнанство,+ зашто е запленет ковчегот на вистинскиот Бог“.+