На управителот. Псалм од синовите на Кореј.+ Маскил.
44 Боже, со свои уши чувме,
нашите татковци ни раскажуваа+
за делата што си ги направил во нивните дни,+
во дамнешни дни.+
2 Со своја рака си ги истерал народите,+
а нив си ги засадил.+
Си разбил племиња и си ги избркал.+
3 Зашто, со свој меч не ја зазеле земјата+
и нивната рака не им донела спасение,+
туку тоа го направила твојата десница и твојата рака+ и светлината на твоето лице,
зашто си ги сакал.+
4 Ти си мој Цар, Боже.+
Заповедај да дојде величественото спасение за Јаков.+
5 Со твоја помош ќе ги собориме своите противници,+
во твое име ќе ги згазиме оние што се креваат против нас.+
6 Зашто, немав доверба во својот лак+
и не ме спаси мојот меч.+
7 Ти нѐ спаси од нашите противници+
и ги посрами оние што многу нѐ мразат.+
8 На Бог ќе му даваме фалба по цел ден+
и довека ќе го фалиме твоето име.+ (Села)
9 А сега нѐ отфрли и нѐ понижуваш+
и не одиш со нашите војски.+
10 Дозволуваш да го свртиме грбот пред противникот.+
Нѐ ограбуваат оние што многу нѐ мразат.+
11 Нѐ даде како овци за да нѐ јадат+
и нѐ расеа меѓу народите.+
12 Евтино го продаде својот народ+
и не се збогати со неговата продажба.
13 Нѐ направи за потсмев пред соседите,+
за подбив и за исмејување пред сите што се околу нас.+
14 Ти предизвика народите да зборуваат со презир за нас,+
и племињата да мавтаат подбивно со главата кога ќе нѐ видат.+
15 Моето понижување е пред мене по цел ден
и срам ми го прекри лицето+
16 поради гласот на оној што ме срамоти и погрдно зборува за мене,
поради непријателот и оној што ми се одмаздува.+
17 Сето тоа нѐ снајде, а не те заборавивме+
и не го подгазивме твојот сојуз.+
18 Нашето срце не отстапи безверно,+
ниту нашите чекори скршнаа од твојата патека.+
19 Зашто, ти нѐ сотре на местото на кое се собираат шакалите+
и нѐ прекриваш со густа темнина.+
20 Да го заборавевме името на нашиот Бог
или во молитва да ги ширевме рацете кон туѓ бог,+
21 зар Бог не би дознал за тоа?+
Зашто, тој ги познава тајните на срцето.+
22 А поради тебе постојано нѐ убиваат,
нѐ сметаат за овци за колење.+
23 Стани! Зошто спиеш, Јехова?+
Разбуди се! Немој засекогаш да нѐ отфрлаш!+
24 Зошто го криеш лицето?
Зошто ги забораваш нашата неволја и нашето страдање?+
25 Нашата душа се свитка до правот,+
стомакот ни се залепи за земја.
26 Стани да ни помогнеш+
и откупи нѐ поради својата милост.+