Песна, псалм, за денот за одмор.
92 Добро е да ти се изразува благодарност тебе, Јехова,+
и со песна да се фали твоето име, о Севишен,+
2 наутро да се зборува за твојата милост+
и ноќе за твојата верност,+
3 со инструмент со десет жици и со псалтир,+
со музика што се разлева од харфа.+
4 Зашто, ти ме веселиш, Јехова, со своите дела,
поради делата на твоите раце радосно воскликнувам.+
5 Колку се големи твоите дела, о Јехова!+
Твоите мисли се многу длабоки.+
6 Човек неразумен не може да ги сфати,+
безумник не може да го разбере тоа.+
7 Кога злите никнуваат како трева+
и цветаат сите што прават зло,
тоа е за да бидат истребени засекогаш.+
8 А ти, о Јехова, си на висина довека.+
9 Зашто, твоите непријатели, Јехова,+
твоите непријатели ќе изгинат,+
сите злосторници ќе бидат распрснати.+
10 А ти ќе го возвишиш мојот рог да биде како рогот на дивиот бик.+
Ќе се намачкам со свежо масло.+
11 И моето око ќе ликува над моите непријатели,+
моите уши ќе слушаат за поразот на злосторниците кои станаа против мене.
12 Праведникот ќе процвета како палма,+
ќе израсне како кедар на Ливан.+
13 Оние што се посадени во домот на Јехова,+
во дворовите на нашиот Бог,+ ќе процветаат.
14 Ќе цветаат и кога косата ќе им побели,+
јадри и свежи ќе останат+
15 за да кажуваат дека Јехова е праведен.+
Тој е мојата Карпа,+ во него нема неправда.+