Јов
32 И така оние тројца престанаа да му одговараат на Јов, зашто тој беше праведен во свои очи.+ 2 Но се распали гневот на Елиу, синот на Варахил од Вуз,+ од семејството на Арам. Неговиот гнев се распали против Јов, зашто тој за својата душа тврдеше дека е поправедна од Бог.+ 3 А и против неговите тројца пријатели се распали неговиот гнев, затоа што не најдоа одговор на сето тоа, туку го прогласија Бог за зол.+ 4 А Елиу чекаше Јов да заврши, па дури тогаш проговори, зашто сите тие беа постари од него.+ 5 Додека Елиу гледаше дека нема одговор во устата+ на оние тројца мажи, неговиот гнев стануваше сѐ посилен. 6 И најпосле Елиу, синот на Варахил од Вуз, проговори и рече:
„Јас сум млад,
а вие сте старци,+
затоа се повлеков и се плашев
да ви го изнесам она што го знам.
9 Многуте години сами по себе не даваат мудрост,+
и не е доволно да бидеш стар за да знаеш исправно да судиш.+
10 Затоа велам: ‚Послушај ме!
Сега ќе го изнесам она што го знам‘.
11 Ете, чекав вие да ги кажете своите зборови,
ги слушав вашите размислувања+
додека баравте вистински зборови.
12 Ве слушав внимателно,
но, ете, никој не го укори Јов,
никој од вас не даде одговор на неговите зборови,
13 затоа немојте да велите: ‚Ја најдовме мудроста.+
Него го побива Бог, а не некој човек‘.
14 Но неговиот говор не беше упатен против мене,
затоа нема да му одговорам со вашите зборови.
15 Се исплашија, повеќе не одговараат,
зборовите ги напуштиле.
16 А јас чекав, зашто тие повеќе не зборуваат,
само стојат, повеќе не одговараат.