Јов
7 Зарем смртниот човек не е на земјата на принудна работа?+
Не се ли неговите денови како дните на наемник?+
4 Кога легнувам, велам: ‚Кога ќе станам?‘+
Како што минува ноќта, се ситам со немир дури до мугрите.
7 Сети се дека мојот живот е само ветар,+
дека моето око не ќе може повеќе да види добро.
8 Окото на оној што сега ме гледа, повеќе нема да ме гледа,
твоите очи ќе бидат вперени во мене, но мене ќе ме нема.+
11 Затоа јас нема да ја воздржувам устата.
Ќе зборувам во тегобата на својот дух,
со горчина во духот ќе раскажувам за својот јад!+
12 Зар сум море или морско чудовиште,
та да поставуваш стража+ над мене?
13 Кога велам: ‚Моето легло ќе ме утеши,
постелата ќе ми помогне да ја носам својата загриженост‘,
14 ти ме плашиш со соништа,
ме ужасуваш со виденија,
15 мојата душа повеќе би сакала да се задуши,
попрво би умрел+ отколку да си ги гледам овие мои коски.
17 Што е смртниот човек,+ та да го воспитуваш
и твоето срце да размислува за него
18 и да му обрнуваш внимание секое утро,
да го искушуваш+ секој миг?
19 Зошто не го тргнеш погледот од мене+
и не ме оставаш ниту плунката да си ја голтнам на мира?
20 Ако згрешам, како ќе ти наштетам со тоа тебе, о Ти, кој го набљудуваш човекот?+
Зошто ме зеде на нишан, па ти станав товар?