Јов
6 Тогаш Јов одговори:
2 „О, да можеше да се измери мојата мака,+
да можеше да се стави на вага мојата неволја заедно со неа!
4 Зашто, стрелите на Семоќниот се во мене,+
мојот дух+ го пие нивниот отров,
Божјите стравотии се заредија против мене.+
5 Дали зебрата+ цвили покрај трева,
мука ли бикот крај својата храна?
6 Се јаде ли блуткава храна без сол?
Има ли вкус слузниот сок од бел слез?
7 Мојата душа не сака да допре ништо.
Сето тоа е како болест во мојата храна.
8 О, кога би била услишена мојата молба
и кога Бог би го исполнил она на кое се надевам!
9 Да тргнеше Бог против мене и да ме сотреше,
да замавнеше со раката и да ме убиеше!+
10 Дури и тоа ќе ми беше утеха,
и ќе потскокнев од радост+ во своите тешки маки
— иако тој не би се смилувал — зашто не ги затаив зборовите+ на Светиот.+
12 Зарем ми е силата како силата на камењата?
Зарем ми е телото од бакар?
13 Има ли во мене сила за да си помогнам самиот себеси?
Не е ли истерана откај мене плодоносната работа?
16 Темни се од мразот,
во нив се крие снегот.
17 Кога ќе им дојде времето, пресушуваат+ и стивнуваат;
кога ќе припече, испаруваат од своето место.+
18 Патеките на нивните патишта скршнуваат,
заминуваат во пустелијата и исчезнуваат.
20 Посрамени се бидејќи се надеваа на нив,
доаѓаат до нивното место и остануваат разочарани.+
22 Дали ви реков: ‚Дајте ми што и да било,
подарете ми нешто од она што го имате за да ме одбраните,
23 избавете ме од раката на противникот,+
откупете ме+ од раката на насилникот‘?
26 Ги прекорува ли тој зборовите што ги смислувате вие,
27 Вие сте во состојба да фрлате ждрепка за оној што нема татко,+
да се пазарите за својот пријател!+
28 Ајде сега, послушајте ме,
и видете дали ќе ве лажам+ в лице!
29 Размислете уште еднаш, ве молам — да нема неправда;
размислете уште еднаш — мојата праведност е сѐ уште тука!+
30 Има ли неправда на мојот јазик?
Зарем не сум во состојба да ја сфатам природата на* оваа неволја?