ל [ламед]
10 О Јехова, зошто стоиш далеку?+
Зошто се криеш кога сме во неволја?+
2 Во својата надуеност, злите ги прогонуваат страдалниците+
и ги фаќаат во сплетките што им ги смислуваат.+
3 Злиот се фали со себичните желби на својата душа+
и оној што стекнува неправедна добивка+ се благословува самиот себеси,
נ [нун]
го презира Јехова.+
4 Злиот, во својата вообразеност, не го бара Бог.+
Сите негови замисли се: „Нема Бог“.+
5 Неговите патишта се секогаш успешни.+
Твоите закони за него се несфатливи,+
на сите што му се противат, тој им се потсмева со презир.+
6 Во срцето си вели: „Нема да се тетеравам,+
нема да ме снајде неволја од поколение во поколение“.+
פ [пе]
7 Устата му е полна со клетви, измами и насилство.+
Под неговиот јазик се неволјата и злото.+
8 Седи во заседа близу до селата,
од скришно место ќе убие невин човек.+
ע [аин]
Неговите очи го демнат несреќникот.+
9 Потајно демне како лав од своето скривалиште.+
Демне+ за да го грабне страдалникот.
Го грабнува страдалникот кога го повлекува во својата мрежа и го фаќа.+
10 Здробен е страдалникот, скршен,
цела војска малодушни луѓе паѓаат во силните канџи на злиот.+
11 Во срцето тој вели:+ „Бог заборавил.+
Го скрил лицето.+
Нема никогаш да го види тоа“.+
ק [куф]
12 Стани,+ о Јехова! О Боже, подигни ја раката!+
Не заборавај ги оние што се во неволја!+
13 Зошто злиот го презира Бог?+
Во срцето си вели: „Бог не води сметка за тоа“.+
ר [реш]
14 А ти ги гледаш неволјата и маката.
Ги набљудуваш за да ги земеш во својата рака.+
Тебе ти се предава несреќникот,+ детето без татко.
Ти си му помошник.+
ש [шин]
15 Скрши му ја раката на опакиот и злиот.+
Казни го поради неговата злоба сѐ додека не ја снема.+
16 Јехова е цар за навек, во сета вечност.+
Исчезнаа народите од неговата земја.+
ת [тав]
17 О Јехова, ти сигурно ќе ги сослушаш+ молбите на кротките.
Ќе го подготвиш нивното срце.+
Отвори го своето уво+
18 за да им судиш на детето без татко и на угнетениот,+
за никој повеќе да не трепери пред смртниот човек.+