Псалми
Асафова песна.
79 Боже, народите дојдоа во твоето наследство,+
го осквернија твојот свет храм,+
а Ерусалим го претворија во урнатини.+
2 Труповите на твоите слуги им ги дадоа за храна на небесните птици,+
телата на твоите лојални слуги — на земните ѕверови.+
3 Нивната крв ја пролеаја како вода
насекаде по Ерусалим, и нема кој да ги закопа.+
6 Излеј го својот гнев врз народите што не те познаваат+
и врз царствата што не го повикуваат твоето име!+
8 Заборави ни ги гревовите на нашите предци!+
Побрзај! Нека нѐ пресретне твојата милосрдност,+
зашто сме во голема мака.+
9 Помогни ни, Боже на нашето спасение,+
заради славата на своето име,+
избави нѐ и покриј ги нашите гревови заради своето име!+
10 Зошто народите да велат: „Каде е нивниот Бог?“+
Пред наши очи нека дознаат+ народите
дека ја одмаздуваш пролеаната крв на своите слуги!+
11 Нека допрат до тебе воздишките на затвореникот!+
Со силата на својата рака зачувај ги оние што се одредени за смрт!+