Јов
11 Тогаш одговори Софар од Наама:+
2 „Зарем ќе останат без одговор мноштвото зборови?
Зарем ќе има право фалбаџијата?
3 Зарем твоите празни зборови ќе ги замолкнат луѓето?
Зарем ќе се потсмеваш, без некој да те прекори?+
6 Тој ќе ти ги кажеше тајните на мудроста,
зашто мудроста* се открива на многу начини.
И ќе сознаеше дека Бог ги предава на заборавот некои твои престапи.+
8 Таа мудрост е повисока од небото. Можеш ли да дофатиш нешто од тоа?
9 Кога ќе се измери, подолга е од земјата,
поширока е од морето.
10 Ако помине и ако предаде некого в затвор,
па свика суд, кој може да му се спротивстави?
11 Зашто, тој добро ги познава луѓето што се полни со невистини.+
Кога ќе види зло, нема ли да му обрне внимание?
12 И празноглавиот човек ќе стане паметен
кога дивото магаре ќе се роди како човек.
13 А ти, подготви го срцето
и во молитва рашири ги рацете кон него!+
14 И ако ти се најде во раката некакво зло, отфрли го,
и неправдата нека не престојува во твоите шатори!
16 Зашто, ти ќе ја заборавиш неволјата,
во твоето сеќавање таа ќе ти биде како вода што истекла.