Јов
20 Тогаш Софар од Наама одговори:
2 „Кога е така, моите тегобни мисли нека ми дадат одговор на тоа,
зашто немир ми ја обзеде утробата.
3 Слушам опомени што ме навредуваат,
одговор ми дава ум* што нема таква разборитост каква што имам јас.
4 Зар не ти е познато од памтивек,
откако е човекот ставен на земјата,+
5 дека радосното извикување на злите трае кратко,+
дека радоста на отпадникот трае само за миг?
6 Иако неговото величие се издигнува до небесата+
и неговата глава стигнува до облаците,
7 тој исчезнува засекогаш како сопствениот измет,+
и оние што го виделе ќе речат: ‚Каде е?‘+
10 Неговите синови ќе им се умилкуваат на сиромасите,
тој ќе го враќа своето богатство+ со своите раце.
12 Ако му е злото слатко во устата,
ако го топи под јазикот,
13 ако му е толку мило и не го пушта,
ако го држи среде своето непце,
14 храната ќе му се преобрази во цревата,
како кобрин отров ќе стане во него.
15 Проголтал богатство, но ќе мора да го изблуе,
Бог ќе го истера од неговата утроба.
18 Ќе го врати имотот што го стекнал и не ќе може да го проголта,
ќе му биде како богатство стекнато со трговија, во кое нема да ужива.+
21 Ќе нема повеќе што да проголта,
затоа неговата благосостојба нема да потрае.
23 Бог нека му го наполни стомакот,
нека го испрати врз него својот распламтен гнев+
и нека го излее врз него како дожд, право во неговата утроба!