Давидов напев, за потсетување.
38 Јехова, не укорувај ме во својата јарост+
и не казнувај ме во својот гнев.+
2 Зашто, твоите стрели длабоко ме прободоа+
и твојата рака ме притиска.+
3 На моето тело нема здраво место поради твојата осуда.+
За моите коски нема мир поради мојот грев.+
4 Зашто, моите престапи ми се прелија преку глава,+
како тежок товар, претешки се за мене.+
5 Раните мои смрдат, гнојат,
поради мојата безумност.+
6 Ме обзеде немир, целиот се подгрбавив,+
по цел ден одам натажен.+
7 Зашто, бедрата ми горат
и нема здраво место на телото.+
8 Премален сум и потполно скршен,
офкам од липањето на срцето свое.+
9 Јехова, пред тебе се сите мои желби,
и воздивнувањето мое не е скриено од тебе.+
10 Срцето силно ми чука, силата ме напушта
и згасна светлината во очите мои.+
11 Оние што ме сакаа и ми беа другари, се држат настрана од маката моја,+
и оние што ми беа пријатели, стојат далеку.+
12 А оние што ја бараат душата моја ми поставуваат замки+
и оние што ми готват зло зборуваат за неволји+
и мрморат за измами по цел ден.+
13 А јас сум како глув, не слушам,+
како нем, уста не отворам.+
14 Станав како човек што не слуша,
и не се правдам со зборови.
15 Зашто тебе, Јехова, те чекам,+
ти, Јехова, Боже мој, даваш одговор.+
16 Зашто реков: „Ти да не одговореше, тие ќе се радуваа над мене.+
Ногата моја да потклекнеше,+ тие вообразено ќе се кренеа против мене“.+
17 Зашто, за малку ќе направев погрешен чекор,+
и мојата болка беше непрестајно пред мене.+
18 Го кажав својот престап,+
ми стана тешко поради мојот грев.+
19 А моите непријатели се полни со сила, се засилија+
и се намножија оние што ме мразат без причина.+
20 И ми враќаат зло за добро,+
ми се противат затоа што одам по доброто.+
21 Не оставај ме, Јехова!
Боже мој, не стој далеку од мене!+
22 Побрзај да ми помогнеш,+
о Јехова, спасение мое!+