Јов
37 Навистина, од тоа ми затреперува срцето+
и ми искокнува од местото.
2 Слушајте го добро грмежот на неговиот глас+
и татнежот што му излегува од устата.
3 Преку целото небо го пушта,
и неговата молња+ заминува до краиштата на земјата.
4 Зад неа глас одекнува,
Тој грми+ со величествен глас,+
и не ја запира кога ќе се чуе неговиот глас.+
6 Зашто, на снегот му вели: ‚Падни на земјата!‘+ —
а и на поројниот дожд, на своите обилни поројни дождови.+
7 Му ја запечатува раката на секој земен човек
за секој смртен човек да го запознае неговото дело.
8 Ѕверот влегува во засолниште
и живее во своите скривалишта.+
11 Да, со влага го товари облакот,
Неговата светлина+ ги распрснува облаците,
12 па кружат како тој што ги води, за да ја завршат својата работа
секаде над лицето на земната плодна почва каде што тој ќе им заповеда.+
15 Знаеш ли кога им заповеда Бог што да прават+
и кога предизвика да засвети светлината на неговиот облак?
17 Како ти се стоплува облеката
кога ќе се успокои земјата од јужниот ветар?+
19 Советувај нѐ што да му кажеме.
Поради темнината, ни недостасуваат зборови.
20 Ќе му јави ли некој на Бог дека сакам да зборувам?
Ќе го извести ли некој човек за тоа?+
21 Сега луѓето не гледаат светлина на облачното небо,
но таа блеснува на небото
кога ќе помине ветрот и ќе го исчисти.
22 Од север доаѓа златен сјај.
Божјето величество+ влева страв.