Псалми
На управителот, за нехилот.* Давидова песна.
5 Фалбаџиите не можат да стојат пред твоите очи.+
Ти ги мразиш сите што прават зло,+
6 ќе ги истребиш оние што кажуваат лаги.+
7 А јас, поради изобилството на твојата голема милост,*+
ќе дојдам во твојот дом,+
во страв пред тебе ќе се поклонам свртен кон твојот свет храм.+
8 О Јехова, води ме во својата праведност,+ и така зачувај ме од моите непријатели,+
својот пат израмни го пред мене.+
9 Зашто, во нивната уста нема ништо веродостојно,+
однатре се полни со зло.+
нивното грло е гроб отворен,+
се служат со ласкав јазик.+
10 Бог навистина ќе ги смета за виновни,+
ќе пропаднат поради своите намери.+
Поради мноштвото нивни престапи, нека бидат расеани,+
зашто се побунија против тебе.+