Песна, псалм од синовите на Кореј. На управителот, за махалат, за одговарање. Маскил од Еман+ Езраховецот.
88 О Јехова, Боже на моето спасение,+
дење викам,+
а и ноќе викам за помош пред тебе.+
2 Пред тебе ќе дојде мојата молитва.+
Приклони го увото кон моето молење!+
3 Зашто, мојата душа е сита од неволји+
и мојот живот допре до гробот.+
4 Ме вбројуваат меѓу оние што заминуваат во јамата.+
Станав како човек што останал без сила,+
5 ослободен како мртвите,+
сличен на убиените што лежат во гробот,+
на кои повеќе не се сеќаваш
и кои се отсечени од твојата рака која помага.+
6 Ме стави во најдлабоката јама,
на места мрачни, во бездна голема.+
7 Врз мене го излеваш својот гнев+
и со сите свои бранови бесни ми нанесуваш неволја.+ (Села)
8 Ги оддалечи моите познајници од мене,+
ме направи одвратен за нив.+
Затворен сум и не можам да излезам.+
9 Окото ми гасне од мојата неволја.+
О Јехова, те повикувам по цел ден,+
кон тебе ги ширам рацете во молитва.+
10 Зар за мртвите ќе правиш чуда?+
Зар беспомошните мртовци ќе станат,+
зар тие ќе те фалат?+ (Села)
11 Зар во гробот ќе се зборува за твојата милост,
и во местото на распаѓањето — за твојата верност?+
12 Зар во темнината+ ќе се објавуваат твоите чуда,
и во земјата на заборавот+ — твојата праведност?
13 Сепак јас викам кон тебе за помош, Јехова,+
мојата молитва доаѓа наутро пред тебе.+
14 О Јехова, зошто ја отфрлаш мојата душа?+
Зошто го криеш лицето од мене?+
15 Во неволја сум и смртта ми се заканува уште од дете,+
многу стравотии поднесувам од тебе.+
16 Пламењата на твојот разгорен гнев поминуваат преку мене,+
твоите стравотии ме столчија.+
17 По цел ден ме опкружуваат како води,+
и сите ме напаѓаат одеднаш.
18 Ги оддалечи од мене пријателот и другарот,+
мрачните места ми станаа познајници.+