1. Царевите
2 Кога на Давид му се приближи времето да умре,+ му заповеда на Соломон, својот син: 2 „Јас одам таму каде што одат сите на земјата.+ А ти биди силен+ и храбар!+ 3 Извршувај ги своите должности кон Јехова, својот Бог, одејќи по неговите патишта,+ држејќи се за неговите одредби, за неговите заповеди, за неговите закони+ и за неговите опомени, како што е запишано во Мојсеевиот закон,+ за да постапуваш разборито во сѐ што правиш и каде и да тргнеш 4 и за Јехова да го исполни зборот што го кажа за мене,+ велејќи: ‚Ако твоите синови+ внимаваат на својот пат и ако верно* ми служат*+ со сето свое срце+ и со сета своја душа, нема да останеш без наследник на престолот на Израел‘.+
5 И самиот добро знаеш што ми направи Јоав, синот на Серуја,+ што им направи на двајцата заповедници на израелската војска, на Авенир,+ синот на Нир, и на Амаса,+ синот на Јетер,+ кога ги уби пролевајќи крв+ во време на мир како да е војна, па така појасот околу своите бедра и сандалите на своите нозе ги натопи со пролеана крв. 6 Затоа постапи според својата мудрост+ и не дозволувај неговата седа глава да се спушти со мир+ во гробот.*+
7 А кон синовите на Варзелај+ Галадецот биди милостив,* и тие нека бидат меѓу оние што јадат на твојата трпеза,+ бидејќи и тие мене ми помогнаа+ кога бегав пред Авесалом, твојот брат.+
8 Еве, тука е и Симеј,+ синот на Гера од Бахурим,+ од племето на Венијамин, кој ме колнеше со тешки клетви+ во оној ден кога одев во Маханаим.+ Но дојде да ме сретне кај Јордан,+ па му се заколнав во Јехова: ‚Нема да те погубам со меч!‘+ 9 А ти не оставај го неказнет,+ зашто си мудар+ човек и добро знаеш што да направиш со него, и неговата седа глава+ испрати ја со крв во гробот“.*+
10 Потоа Давид почина кај своите прататковци,+ и беше погребан во Давидовиот град.+ 11 Давид владееше над Израел четириесет години.+ Во Хеврон+ владееше седум години,+ а во Ерусалим владееше триесет и три години.+
12 И Соломон седна на престолот на Давид, својот татко,+ и неговото царство многу се зацврсти.+
13 А Адонија, синот на Агита, дојде кај Витсавеа,+ мајката на Соломон. Кога таа го праша: „Доаѓаш ли во мир?“+ — тој одговори: „Да, доаѓам во мир“. 14 Потоа продолжи: „Имам нешто да ти кажам“. А таа му рече: „Зборувај!“+ 15 Тој рече: „Ти добро знаеш дека царството требаше да биде мое и дека сиот Израел очекуваше јас да бидам цар.+ Но излезе поинаку, и царството му припадна на мојот брат, зашто Јехова му го даде.+ 16 А сега, те молам само за едно. Немој да ме одбиеш!“+ А таа му рече: „Зборувај!“ 17 Тој продолжи: „Те молам, речи му на цар Соломон, зашто тебе нема да те одбие, да ми ја даде за жена Сунамката+ Ависага“.+ 18 А Витсавеа му рече: „Добро, јас ќе зборувам со царот за тебе“.
19 Така Витсавеа дојде кај цар Соломон за да зборува со него за Адонија.+ Царот веднаш стана,+ ѝ тргна во пресрет и ѝ се поклони.+ Потоа седна на својот престол и заповеда да постават престол за неговата мајка, да седне десно од него.+ 20 И таа рече: „Ќе те замолам за една мала услуга. Немој да ме одбиеш“. А царот ѝ одговори: „Кажи, мајко, зашто нема да те одбијам“. 21 И продолжи: „Нека му биде дадена Сунамката Ависага за жена на Адонија, твојот брат“. 22 Тогаш цар Соломон ѝ одговори на својата мајка: „Зошто ја бараш за Адонија Сунамката Ависага? Барај го и царството за него+ — зашто тој ми е постар брат+ — за него и за свештеникот Авијатар+ и за Јоав,+ синот на Серуја!“+
23 Тогаш цар Соломон се заколна во Јехова: „Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде,+ ако Адонија не плати со својата душа за тоа што го рекол!+ 24 Сега, како што е жив Јехова,+ кој ме утврди+ да седам на престолот на својот татко Давид+ и ми направи дом+ токму како што рече,+ Адонија ќе биде погубен уште денес“.+ 25 И цар Соломон веднаш го испрати Венај,+ синот на Јодај, кој го удри Адонија и тој умре.+
26 А на свештеникот Авијатар,+ царот му рече: „Оди во Анатот+ на својот имот. Ти заслужи смрт,+ но нема да те погубам денес, затоа што го носеше ковчегот на Севишниот Господар Јехова+ пред Давид, мојот татко,+ и затоа што поднесуваше неволји за сето време додека и татко ми поднесуваше неволји“.+ 27 Така Соломон го истера Авијатар за да не служи повеќе како Јеховин свештеник, за да се исполни речта што Јехова ја изрече во Сило+ против домот на Илиј.+
28 А гласот за тоа стигна и до Јоав+ — зашто и Јоав му се придружи на Адонија,+ иако не му се придружи на Авесалом+ — и Јоав побегна во Јеховиниот шатор+ и цврсто се фати за роговите на жртвеникот.+ 29 Тогаш му јавија на цар Соломон: „Јоав побегна во Јеховиниот шатор, ене го покрај жртвеникот“. А Соломон го испрати Венај, синот на Јодај, велејќи му: „Оди и погуби го!“+ 30 И Венај отиде во Јеховиниот шатор и му рече на Јоав: „По наредба на царот: ‚Излези!‘ “ Но тој одговори: „Не излегувам! Зашто, овде+ сакам да умрам“. Тогаш Венај му јави на царот: „Вака ми рече Јоав и вака ми одговори“. 31 А царот му заповеда: „Направи како што рекол и погуби го! Закопај го и отстрани ја од мене и од домот на мојот татко крвта+ што Јоав без причина ја пролеа!+ 32 Јехова ќе направи неговата крв да падне на негова глава,+ зашто погуби двајца мажи поправедни и подобри од себе+ и ги уби со меч без да знае Давид, мојот татко:+ Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на војската на Израел,+ и Амаса,+ синот на Јетер, заповедникот на војската на Јуда.+ 33 Нивната крв нека падне на главата на Јоав и на главата на неговото потомство довека!+ А на Давид+ и на неговото потомство, и на неговиот дом, и на неговиот престол нека почива мир од Јехова довека!“+ 34 Така Венај отиде,+ го удри и го погуби.+ Го погребаа во неговиот дом во пустината. 35 Тогаш на негово место царот го постави над војската+ Венај,+ синот на Јодај, а на местото на Авијатар царот го постави свештеникот Садок.+
36 Потоа царот испрати по Симеј+ и му рече: „Направи си куќа во Ерусалим и живеј овде и никаде не излегувај оттука! 37 Во оној ден кога ќе излезеш и ќе ја поминеш долината* на Кедрон,+ сигурно знај дека ќе загинеш.+ Твојата крв ќе падне на твојата глава“.+ 38 А Симеј му одговори на царот: „Добро. Како што рече мојот господар, царот, така и ќе направи твојот слуга“. И Симеј живееше долго во Ерусалим.
39 Но по три години, два роба+ на Симеј побегнаа кај Ахис,+ синот на Мааха, царот на Гат.+ И на Симеј му јавија: „Ене, твоите робови се во Гат“. 40 А Симеј веднаш стана, го оседла магарето и отиде во Гат кај Ахис за да ги бара своите робови. Потоа Симеј се врати и ги доведе робовите од Гат. 41 А на Соломон му јавија: „Симеј отиде од Ерусалим во Гат и се врати“. 42 Тогаш царот испрати+ по Симеј и му рече: „Зар не те заколнав во Јехова и зар не те предупредив:+ ‚Во оној ден кога ќе излезеш и ќе тргнеш каде било, знај бездруго дека ќе умреш‘, и зар не ми рече: ‚Добро, разбрав‘?+ 43 Тогаш зошто не се држеше за заклетвата со која се заколна во Јехова+ и за строгата заповед што ти ја дадов?“+ 44 Потоа царот му рече на Симеј: „И самиот го знаеш сето зло што му го нанесе на Давид, мојот татко,+ добро го знаеш тоа во своето срце. Но Јехова ќе го врати на твоја глава злото што го нанесе ти.+ 45 А цар Соломон ќе биде благословен+ и Давидовиот престол ќе биде утврден пред Јехова довека“.+ 46 Тогаш царот му даде заповед на Венај, синот на Јодај, кој излезе, го удри Симеј и тој умре.+
А царството се утврди во раката на Соломон.+