ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 3. Јованово 1-14
  • 3. Јованово

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3. Јованово
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
3. Јованово

Трето Јованово послание

1 Од старешината+ до саканиот Гај, кого вистински го сакам.+

2 Сакан,+ се молам да ти биде добро во сѐ+ и да бидеш здрав,+ како што ѝ е добро сега на твојата душа.+ 3 Зашто, многу се израдував кога дојдоа браќата и посведочија дека се држиш за вистината, кога слушнав дека живееш според* вистината.+ 4 За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца живеат според* вистината.+

5 Сакан, твојата верност се гледа во сѐ што правиш за браќата,+ и тоа за оние што не ги познаваш,+ 6 кои посведочија за твојата љубов пред собранието.* Те молам да ги испратиш на пат онака како што им прилега на Божји слуги.+ 7 Зашто, тргнаа поради Божјето име, не земајќи ништо+ од луѓето од светот. 8 Затоа, ние сме должни да ги примаме таквите гостољубиво,+ за да бидеме соработници во вистината.+

9 Му напишав нешто на собранието, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив,+ ништо не прима од нас+ со почит.+ 10 Затоа, ако дојдам, ќе се сетам на делата што ги прави,+ зборувајќи злобно за нас.+ Но и тоа не му е доволно, туку не ги прима браќата+ со почит, а оние што сакаат да ги примат,+ се обидува да ги спречи+ и да ги исфрли+ од собранието.

11 Сакан, не земај пример од она што е зло, туку од она што е добро.+ Кој прави добро, потекнува од Бог.+ Кој прави зло, не го видел Бог.+ 12 За Димитрија сведочат сите,+ а и самата вистина. И ние сведочиме,+ а знаеш дека нашето сведоштво е вистинито.+

13 Имав многу да ти пишувам, но не сакам повеќе да ти пишувам со мастило и со перо,+ 14 туку се надевам дека наскоро ќе те видам, па ќе разговараме лице в лице.+

Имај мир!+

Те поздравуваат пријателите.+ Поздрави ги+ пријателите по име.

Буквално: „одиш во“.

Буквално: „одат во“.

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели