Откровение на Јован*
1 Откровение+ на Исус Христос, кое му го даде Бог,+ за да им го покаже на своите робови+ она што наскоро ќе се случи.+ И го испрати својот ангел,+ па преку него му го покажа во знаци+ на својот роб Јован,+ 2 кој посведочи за Божјата реч+ и за сведоштвото од Исус Христос+ — за сѐ што виде. 3 Среќен+ е оној што чита*+ и оние што ги слушаат зборовите на ова пророштво+ и го држат она што е напишано во него.+ Зашто, блиску е времето за да се исполни.+
4 Од Јован за седумте собранија*+ кои се во Азија:*
Незаслужената доброта и мирот од „оној кој е и кој беше и кој доаѓа“+ и од седумте духови+ кои се пред неговиот престол 5 и од Исус Христос, кој е „Верен сведок“,+ „Првороден од мртвите“+ и „Владетел над царевите на земјата“ нека бидат со вас.+
Нему, кој нѐ сака+ и кој со својата крв нѐ ослободи од нашите гревови+ — 6 и нѐ направи царство,+ свештеници+ на својот Бог и Татко — нему нека му е славата и моќта засекогаш!+ Амин.*
7 Еве, доаѓа со облаците,+ и ќе го види секое око,+ дури и оние што го прободоа.+ И сите земни племиња ќе проплачат поради него.+ Да, амин.
8 „Јас сум алфа и омега,“*+ вели Јехова Бог, „оној кој е и кој беше и кој доаѓа,+ Семоќниот.“+
9 Јас, Јован, вашиот брат, кој како следбеник на Исус+ ги дели со вас неволјата+ и царството+ и истрајноста,+ се најдов на островот кој се вика Патмос затоа што зборував за Бог и сведочев за Исус.+ 10 Обземен од духот, се најдов+ во денот на Господарот,*+ и чув зад себе силен глас,+ како звук на труба, 11 како вели: „Она што го гледаш, напиши го+ во свиток и испрати го до седумте собранија:+ до Ефес,+ Смирна,+ Пергам,+ Тијатира,+ Сард,+ Филаделфија+ и Лаодикија“.+
12 И се свртев за да видам кој ми зборува. И откако се свртев, видов седум златни светилници,+ 13 а меѓу светилниците некој сличен на синот човечки.+ Беше облечен во облека која допираше до стапалата, и беше опашан со златен појас околу градите. 14 Главата и косата му беа бели како бела волна,+ како снег, а очите му беа како огнен пламен.+ 15 Нозете му беа како чист бакар+ кога се жари во печка, а гласот+ му беше како шум од многу води. 16 Во својата десна рака имаше седум ѕвезди,+ од устата му излегуваше остар меч со две сечила,+ а лицето му беше како сонцето кога сјае со полн сјај.+ 17 Кога го видов, паднав како мртов пред неговите нозе.
А тој ја положи својата десна рака врз мене и рече: „Не плаши се.+ Јас сум Првиот+ и Последниот,+ 18 и жив сум.+ Бев мртов,+ но еве, живеам во сета вечност,+ и ги имам клучевите од смртта+ и од гробот.*+ 19 Затоа, запиши го она што го виде, и она што сега се случува, и она што ќе се случи потоа.+ 20 Ова е светата тајна на седумте ѕвезди+ што ги виде во мојата десна рака и за седумте златни светилници:+ седумте ѕвезди ги претставуваат ангелите на седумте собранија, а седумте светилници ги претставуваат седумте собранија.+
2 На ангелот+ на собранието во Ефес+ напиши му: Ова го вели оној што ги држи седумте ѕвезди+ во својата десна рака, оној што оди меѓу седумте златни светилници:+ 2 ‚Ги знам твоите дела,+ и твојот труд и истрајноста, и дека не можеш да поднесуваш зли луѓе, и дека ги испита+ оние што велат дека се апостоли,+ а не се, и утврди дека се лажливци. 3 Истраен си+ и трпеше поради моето име+ и не се умори.+ 4 Сепак, ова го имам против тебе: ја остави својата прва љубов.+
5 Затоа, сети се од каде падна, покај се+ и прави ги поранешните дела. Ако не се покаеш, ќе дојдам кај тебе+ и ќе го тргнам твојот светилник+ од неговото место. 6 Но кај тебе ова е добро: ги мразиш+ делата на Николовата секта,+ кои и јас ги мразам. 7 Кој има уво, нека чуе што им вели духот на собранијата:+ На оној што ќе победи,+ ќе му дадам да јаде од дрвото на животот,+ кое е во Божјиот рај‘.
8 На ангелот+ на собранието во Смирна напиши му: Ова го вели тој, ‚Првиот и Последниот‘,+ кој беше мртов и оживеа:+ 9 ‚Ја знам твојата неволја и сиромаштвото — но ти си богат!+ Ги знам и хулите на оние што се нарекуваат Евреи,+ а не се, туку се синагога на Сатана.+ 10 Не плаши се од она што ќе го претрпиш.+ Еве, Ѓаволот+ ќе фрла некои од вас во затвор за да бидете потполно искушани+ и да бидете во неволја+ десет дена. Биди верен до смрт,+ и ќе те наградам со живот.*+ 11 Кој има уво, нека чуе+ што им вели духот+ на собранијата: На оној што ќе победи,+ втората смрт нема да му наштети‘.+
12 На ангелот на собранието во Пергам напиши му: Ова го вели оној што има остар меч со две сечила:+ 13 ‚Знам каде живееш — таму каде што е престолот на Сатана — а сепак цврсто се држиш за моето име,+ и не се одрече од својата вера во мене+ дури ни во деновите на Антипа, мојот верен сведок,+ кој беше убиен+ во вашиот град, каде што живее Сатана.
14 Сепак, имам нешто против тебе: таму имаш некои што се држат за учењето на Валаам,+ кој го поучи Валак+ да ги намами на грев Израеловите синови — да го јадат она што е жртвувано на идоли и да вршат блуд.+ 15 А ги имаш и оние што на ист начин се држат за учењето на Николовата секта.+ 16 Затоа, покај се!+ Ако не се покаеш, брзо ќе дојдам кај тебе и ќе војувам+ со нив со мечот на мојата уста.+
17 Кој има уво, нека чуе што им вели духот на собранијата:+ На оној што ќе победи,+ ќе му дадам од скриената мана,+ и ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано ново име,+ кое не го знае никој друг освен оној што го прима‘.+
18 На ангелот на собранието во Тијатира+ напиши му: Ова го вели Синот Божји,+ оној кому очите му се како огнен пламен,+ а нозете како чист бакар:+ 19 ‚Ги знам твоите дела, и твојата љубов,+ верата, службата и истрајноста, и дека твоите последни дела+ се побројни од претходните.+
20 Сепак, ова го имам против тебе: ја трпиш таа жена Језавела,+ која себеси се нарекува пророчица, ги поучува+ и ги заведува моите робови+ за да вршат блуд+ и да го јадат она што е жртвувано на идоли.+ 21 Ѝ дадов време да се покае,+ но таа не сака да се покае за својот блуд.+ 22 Еве, ќе ја фрлам болна в постела, а оние што со неа прават прељуба ќе ги фрлам во голема неволја, ако не се покаат за своите дела кои се исти како и нејзините. 23 И со помор ќе ги погубам нејзините деца, па сите собранија ќе знаат дека јас сум оној што ги испитува бубрезите* и срцата, и ќе му дадам секому од вас според неговите дела.+
24 А вам останатите кои сте во Тијатира, на сите кои не се држат за тоа учење, на оние што не ги запознале таканаречените „длабочини на Сатана“,+ им велам: Не ви ставам никакво друго бреме,+ 25 но, додека не дојдам, цврсто држете се за она што го имате.+ 26 А на оној што ќе победи и ќе се држи за моите дела сѐ до крајот,+ нему ќе му дадам власт над народите,+ 27 како што и јас примив власт од својот Татко, па ќе управува со нив* со железна палка+ и ќе ги разбие како глинени садови,+ 28 и нему ќе му ја дадам утринската ѕвезда.+ 29 Кој има уво, нека чуе што им вели духот+ на собранијата!‘+
3 На ангелот+ на собранието во Сард напиши му: Ова го вели оној што има седум Божји духови+ и седум ѕвезди:+ ‚Ги знам твоите дела — носиш име дека си жив, а мртов си.+ 2 Биди буден+ и зајакни го+ остатокот, кој само што не умрел, зашто не најдов дека твоите дела се извршени пред мојот Бог.+ 3 Затоа имај го на ум она што си го примил+ и она што си го чул. Држи се за тоа,+ и покај се.+ Зашто, ако не се разбудиш,+ ќе дојдам како крадец,+ и нема да знаеш во кој час ќе дојдам врз тебе.+
4 Но имаш во Сард неколкумина* кои не ги извалкале+ своите облеки. Тие ќе одат со мене во бели облеки,+ бидејќи се достојни.+ 5 Така оној што ќе победи,+ ќе биде облечен во бели облеки,+ и нема да го избришам неговото име од книгата на животот,+ туку ќе го признаам неговото име пред мојот Татко+ и пред неговите ангели.+ 6 Кој има уво, нека чуе што им вели духот+ на собранијата!‘
7 На ангелот+ на собранието во Филаделфија напиши му: Ова го вели оној што е свет+ и вистинит,+ кој го има Давидовиот клуч,+ и кога ќе отвори, никој не може да затвори, а кога ќе затвори, никој не може да отвори: 8 ‚Ги знам твоите дела.+ (Еве, ја отворив пред тебе вратата+ која никој не може да ја затвори.) Знам дека имаш малку сила, но сепак ја држеше мојата реч и не се одрече од моето име.+ 9 Еве, ќе ги доведам оние од синагогата на Сатана — кои велат дека се Евреи,+ а не се, туку лажат+ — еве, ќе ги принудам да дојдат и да ти се поклонат+ пред нозете и да сознаат дека јас те сакам. 10 Затоа што ти се држеше за она што го зборував во својата истрајност,+ и јас ќе те зачувам+ тебе во часот на искушувањето што ќе дојде на целиот свет,* за да се искушаат оние што живеат на земјата.+ 11 Доаѓам брзо.+ Држи се цврсто за она што го имаш,+ за никој да не ти ја земе наградата.*+
12 Оној што ќе победи, ќе го направам столб+ во храмот+ на мојот Бог,+ и тој повеќе нема да излезе оттаму. И на него ќе го напишам името на својот Бог и името на градот на својот Бог, новиот Ерусалим,+ кој слегува од небото од мојот Бог. И своето ново име ќе го напишам на него.+ 13 Кој има уво, нека чуе што им вели духот+ на собранијата!‘
14 На ангелот на собранието во Лаодикија+ напиши му: Ова го вели Амин,*+ верниот+ и вистинит+ сведок,+ почетокот на Божјите дела на создавање:+ 15 ‚Ги знам твоите дела — не си ни студен ни жежок. Да си барем студен или жежок! 16 Но, бидејќи си млак, ни жежок+ ни студен,+ ќе те повратам од својата уста. 17 Зашто, велиш: „Богат сум,+ се збогатив и ништо повеќе не ми треба“, а не знаеш дека си беден и за жалење и сиромашен и слеп+ и гол. 18 Затоа те советувам да купиш од мене злато+ пречистено со оган за да се збогатиш. Купи и бели облеки за да се облечеш и да не се покаже твојата срамотна голотија.+ Купи и очна маст за да си ги намачкаш очите,+ па да прогледаш.
19 Јас ги укорувам и ги опоменувам* сите што ги сакам.+ Затоа биди ревносен и покај се!+ 20 Еве, стојам на вратата+ и чукам. Ако некој го чуе мојот глас и ја отвори вратата,+ ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со мене. 21 На оној што ќе победи,+ ќе му дадам да седне со мене на мојот престол,+ како што и јас победив и седнав+ со својот Татко на неговиот престол.+ 22 Кој има уво, нека чуе што им зборува духот+ на собранијата!‘ “+
4 Потоа видов, и гледај, отворена врата на небото. Првиот глас што го чув беше како звук на труба.+ И ми се обрати со зборовите: „Качи се ваму,+ и ќе ти го покажам она што ќе се случи“.+ 2 И веднаш духот ме обзеде, и гледај, на небото+ стоеше престол+ и некој седеше на престолот.+ 3 И тој што седеше изгледаше+ како камен јаспис+ и како скапоцен камен со црвена боја, а околу престолот имаше виножито,+ слично на смарагд.+
4 Околу престолот имаше дваесет и четири престоли, и на тие престоли+ седеа дваесет и четири+ старешини+ облечени во бели облеки,+ со златни круни на главите.+ 5 И од престолот излегуваа молњи+ и гласови и громови.+ Седум огнени светилки+ гореа пред престолот — тие ги претставуваат седумте Божји духови.+ 6 И пред престолот имаше нешто како стаклено море+ слично на кристал.
Среде престолот и околу престолот имаше четири суштества+ полни со очи однапред и одназад. 7 Првото суштество личеше на лав,+ второто суштество личеше на млад бик,+ третото суштество+ имаше лице како на човек, а четвртото суштество+ беше како орел кој лета.+ 8 Секое од тие четири суштества+ имаше по шест крилја.+ Насекаде по телото и под крилјата беа полни со очи.+ И суштествата, без починка, дење и ноќе, зборуваа: „Свет, свет, свет е Јехова+ Бог, Семоќниот,+ кој беше и кој е+ и кој доаѓа!“
9 И секогаш кога тие суштества му оддаваа слава, чест и благодарност+ на оној што седеше на престолот,+ на оној што живее во сета вечност,+ 10 дваесет и четирите старешини+ паѓаа ничкум пред оној што седи на престолот и му се поклонуваа*+ на оној што живее во сета вечност, и ги фрлаа своите круни пред престолот, велејќи: 11 „Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата+ и честа+ и моќта,+ бидејќи ти создаде сѐ,+ и поради твојата волја+ сѐ постои и е создадено“.+
5 И во десницата на оној што седеше на престолот+ видов свиток испишан однатре и однадвор,+ запечатен+ со седум печати. 2 И видов еден силен ангел како објавува со силен глас: „Кој е достоен да го отвори свитокот и да ги скрши неговите печати?“ 3 Но никој ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата не можеше да го отвори свитокот и да погледне во него. 4 И јас силно заплакав зашто не се најде никој достоен да го отвори свитокот, ниту да погледне во него.+ 5 Но еден од старешините ми рече: „Не плачи! Еве, победи+ лавот од Јудиното племе,+ Давидовиот+ корен.+ Тој е достоен да го отвори свитокот и неговите седум печати“.
6 И видов како покрај престолот+ и среде четирите суштества и среде старешините+ стои Јагне,+ кое изгледаше како да беше заклано+ и имаше седум рогови и седум очи, кои ги претставуваат седумте Божји духови+ испратени по целата земја. 7 И Јагнето отиде и го зеде свитокот од десната рака на оној што седеше на престолот.+ 8 Кога Јагнето го зеде свитокот, четирите суштества и дваесет и четирите старешини+ паднаа ничкум пред него. Секој имаше харфа,+ а имаа и златни садови полни со темјан,+ кој ги претставува молитвите+ на светите. 9 И му пееја на Јагнето нова песна:+ „Достоен си да го земеш свитокот и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и со својата крв+ купи+ за Бог луѓе+ од секое племе и јазик и народ и народност, 10 и ги направи царство+ и свештеници+ на нашиот Бог,+ и ќе царуваат+ над земјата“.
11 И погледнав и чув глас од многу ангели, кои беа околу престолот и околу суштествата и старешините. Бројот им беше миријади миријади*+ и илјадници илјади.+ 12 И зборуваа со силен глас: „Јагнето, кое беше заклано,+ е достојно да прими моќ и богатство и мудрост и сила и чест и слава и благослов“.+
13 И чув како секое суштество на небото и на земјата и под земјата+ и на морето — сѐ што е на нив и во нив — зборува: „На оној што седи на престолот+ и на Јагнето+ нека биде благословот и честа+ и славата+ и моќта во сета вечност!“ 14 И четирите суштества велеа: „Амин!“* — а старешините+ паднаа ничкум и му се поклонија на Бог.*+
6 И видов кога Јагнето+ отвори еден од седумте печати,+ и чув едно од четирите суштества+ како зборува со глас кој звучеше како гром: „Дојди!“+ 2 И погледнав, и гледај — бел коњ+ и на него јавач+ кој имаше лак.+ И му беше дадена круна,+ па излезе победувајќи+ и тргна во конечна победа.+
3 Кога Јагнето го отвори вториот печат, го чув второто суштество+ како вели: „Дојди!“ 4 И излезе друг коњ со пламена боја. На неговиот јавач му беше дадено да го одземе мирот од земјата за луѓето да се убиваат едни со други. И му беше даден голем меч.+
5 Кога Јагнето+ го отвори третиот печат, го чув третото суштество+ како вели: „Дојди!“ И погледнав, и гледај — црн коњ и на него јавач кој имаше терезија+ во раката. 6 И чув како еден глас среде+ четирите суштества+ вели: „Мера пченица за денариј*+ и три мери јачмен за денариј. А маслото и виното троши ги штедливо“.*+
7 Кога Јагнето го отвори четвртиот печат, го чув гласот на четвртото суштество+ како вели: „Дојди!“ 8 И погледнав, и гледај — блед коњ и на него јавач, чие име беше Смрт, а по него одеше гробот.*+ И им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч+ и со глад+ и со помор и со земни ѕверови.+
9 Кога Јагнето го отвори петтиот печат, во подножјето на жртвеникот+ ги видов душите*+ убиени+ поради речта Божја и поради сведочењето+ што им беше доверено. 10 И викаа на сет глас: „До кога, Севишен+ Господару, свет и вистинит,+ нема да им судиш+ и нема да им се одмаздуваш за нашата крв+ на оние што живеат на земјата?“ 11 И секому од нив му беше дадена бела долга облека+ и им беше кажано да чекаат уште малку, додека не се пополни бројот на нивните соробови и на нивните браќа, кои треба да бидат убиени+ како и тие.
12 И видов кога Јагнето го отвори шестиот печат. Се случи силен потрес и сонцето стана црно како црна козина,+ целата месечина стана како крв,+ 13 а небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што паѓаат незрелите смокви од своето стебло кога ќе го затресе силен ветар. 14 И небото исчезна како свиток кога ќе се свитка.+ Секоја планина и секој остров се помести од своето место.+ 15 Царевите на земјата, големците, воените заповедници,* богаташите, моќниците и секој роб и секој слободен се скрија во пештерите и меѓу карпите+ во планините. 16 И им велеа на планините и на карпите: „Паднете врз нас+ и скријте нѐ од лицето на оној што седи на престолот+ и од гневот на Јагнето!+ 17 Зашто, дојде големиот ден+ на нивниот гнев,+ и кој може да опстане?“+
7 Потоа видов четири ангели+ како стојат на четирите агли на земјата, цврсто држејќи ги четирите земни ветрови,+ за да не дува никаков ветар на земјата, ниту на морето, ниту на некакво дрво.+ 2 И видов друг ангел како влегува од исток+ и го има печатот на живиот Бог.+ И им викна на сет глас на четирите ангели на кои им беше дадено да им наштетат на земјата и на морето: 3 „Немојте да ѝ наштетите на земјата, ниту на морето, ниту на дрвјата, додека не ги обележиме со печат+ челата на робовите на нашиот Бог!“+
4 И го чув бројот на обележаните со печат — сто четириесет и четири илјади+ обележани со печат од секое племе+ на синовите на Израел:+
5 Од племето на Јуда+ дванаесет илјади обележани со печат,
од племето на Рувим+ дванаесет илјади,
од племето на Гад+ дванаесет илјади,
6 од племето на Асер+ дванаесет илјади,
од племето на Нефталим+ дванаесет илјади,
од племето на Манасија+ дванаесет илјади,
7 од племето на Симеон+ дванаесет илјади,
од племето на Леви+ дванаесет илјади,
од племето на Исахар+ дванаесет илјади,
8 од племето на Завулон+ дванаесет илјади,
од племето на Јосиф+ дванаесет илјади,
од племето на Венијамин+ дванаесет илјади обележани со печат.+
9 Потоа видов големо мноштво луѓе,+ кои никој не можеше да ги изброи, од сите народи+ и племиња и народности+ и јазици,+ како стојат пред престолот+ и пред Јагнето, облечени во бели долги облеки,+ со палмови гранки+ во рацете. 10 И викаа на сет глас: „Спасението му го должиме на својот Бог,+ кој седи на престолот,+ и на Јагнето!“+
11 И сите ангели+ стоеја околу престолот и околу старешините+ и четирите суштества,+ та паднаа ничкум пред престолот и му се поклонија на Бог,*+ 12 велејќи: „Амин!* Благослов и слава и мудрост и благодарност и чест и моќ+ и сила на нашиот Бог во сета вечност! Амин“.+
13 Тогаш еден од старешините+ ми рече: „Кои се и од каде дојдоа овие што се облечени во бели долги облеки?“+ 14 Му одговорив: „Господару мој, ти го знаеш тоа“. И ми рече: „Тоа се оние што доаѓаат од големата неволја.+ Ги испраа своите долги облеки и ги обелија+ во крвта+ на Јагнето. 15 Затоа се пред Божјиот престол+ и му служат*+ ден и ноќ во неговиот храм. И оној што седи на престолот+ ќе го распне својот шатор+ над нив. 16 Тие нема повеќе да гладуваат, ниту да жедуваат, нема да ги измачува сонцето, ниту некаква жега,+ 17 бидејќи Јагнето,+ кое е среде престолот, ќе ги пасе+ и ќе ги води на извори на води на животот.+ И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи“.+
8 Кога Јагнето+ го отвори седмиот печат,+ настана тишина на небото која траеше околу половина час. 2 И ги видов седумте ангели+ кои стојат пред Бог. И им беа дадени седум труби.
3 И дојде еден друг ангел и застана кај жртвеникот+ со златна кадилница. И му беше дадено многу темјан+ за да го принесе на златниот жртвеник пред престолот додека се слушаа молитвите на сите свети. 4 И чадот од темјанот со молитвите+ на светите се крена пред Бог од рацете на ангелот. 5 Ангелот потоа ја зеде кадилницата и ја наполни со оган+ од жртвеникот и го фрли огнот на земјата.+ И настанаа громови+ и гласови и молњи+ и потрес.+ 6 А седумте ангели со седумте+ труби+ се подготвија да затрубат.
7 И затруби првиот. И настанаа град и оган+ измешани со крв, па беа фрлени на земјата. И третина од земјата изгоре,+ третина од дрвјата изгореа и сите зелени растенија+ изгореа.
8 И вториот ангел затруби. И нешто слично на голема гора+ запалена со оган беше фрлено во морето.+ И третина од морето стана крв.+ 9 И третина од живите* суштества во морето изгинаа+ и третина од бродовите беа разбиени.
10 И третиот ангел затруби. И голема ѕвезда, која гореше како светилка, падна од небото.+ Падна врз третина од реките и врз изворите на вода.+ 11 Името на ѕвездата е Пелин. И третина од водите се претворија во пелин, па многу луѓе изумреа од водите, бидејќи беа горчливи.+
12 И четвртиот ангел затруби. И беше удрена третина од сонцето и третина од месечината и третина од ѕвездите, па се помрачи+ третина од нив и денот остана без третина од својата светлина,+ а исто така и ноќта.
13 И погледнав, и зачув орел+ што лета среде небото+ како вели со силен глас: „Тешко, тешко, тешко+ на оние што живеат на земјата поради преостанатите трубни гласови од тројцата ангели кои допрва ќе затрубат!“+
9 И петтиот ангел затруби.+ И видов ѕвезда+ што падна од небото на земјата, и ѝ беше даден клучот+ од бездната.+ 2 И ја отвори бездната и од неа се крена чад+ како чад од голема печка,+ така што од чадот од бездната потемне+ сонцето, а и воздухот. 3 Од чадот излегоа скакулци+ на земјата и им беше дадена моќ, каква што имаат земните скорпии.+ 4 И им беше заповедано да не им наштетат на земните растенија, ниту на кое и да било зеленило, ниту на некое дрво, туку само на луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела.+
5 И на скакулците не им беше дадено да ги убиваат, туку да ги мачат+ пет месеци, а маката што им ја задаваа беше како маката што му ја задава на човек убодот од скорпија.+ 6 И во тие денови луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат,+ и ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7 А скакулците изгледаа како коњи+ подготвени за битка. На главите имаа нешто како златни круни, а лицата им беа како човечки лица,+ 8 а косата им беше како женска коса.+ Забите им беа како на лав.+ 9 На градите имаа оклопи+ слични на железни оклопи. А звукот на нивните крилја беше како татнеж на бојни коли+ со многу коњи што јуришаат во битка.+ 10 И имаа опашки и осила како скорпии,+ а во опашките ја имаа моќта да им задаваат болка на луѓето пет месеци. 11 Над себе имаа цар, ангелот на бездната.+ На хебрејски се викаше Авадон,* а на грчки се викаше Аполион.*+
12 Едната мака помина. Гледај, по оваа доаѓаат уште две маки.+
13 И шестиот ангел+ затруби.+ И чув некој глас+ од роговите на златниот жртвеник+ што е пред Бог 14 како му вели на шестиот ангел, кој ја имаше трубата: „Одврзи ги четирите ангели+ кои се врзани+ на големата река Еуфрат!“+ 15 И беа одврзани четирите ангели, подготвени за одредениот час и ден и месец и година, за да убијат третина од луѓето.
16 Бројот на коњаниците во војската беше две миријади миријади* — го чув нивниот број. 17 А вака ги видов во видение коњите и оние што седеа на нив: на градите имаа оклопи црвени како пламен и сини како камен хијацинт и жолти како сулфур, а главите на коњите беа како лавји глави,+ и од устите им излегуваше оган и чад и сулфур.+ 18 Од овие три неволји изгинаа третина од луѓето — од оганот и чадот и сулфурот што излегуваа од нивните усти. 19 Зашто, моќта на овие коњи им е во устите и во опашките. Имено, опашките им се како змии+ и имаат глави со кои нанесуваат болка.
20 А останатите луѓе, кои не изгинаа од овие неволји, не се покајаа за делата на своите раце+ — не престанаа да ги почитуваат* демоните+ и идолите од злато, сребро,+ бакар, камен и дрво, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.+ 21 И не се покајаа за своите убиства,+ ниту за своите гатања,*+ ниту за својот блуд, ниту за своите кражби.
10 И видов еден друг силен ангел+ како слегува од небото, облечен во облак+ и со виножито над главата. Лицето му беше како сонце,+ а нозете+ му беа како огнени столбови. 2 Во раката имаше мал отворен свиток. И со десната нога застана на морето, а со левата на земјата,+ 3 и викна со силен глас исто како кога рика лав.+ Кога викна, седум громови+ се огласија со своите гласови.
4 А кога проговорија седумте громови, сакав да го запишам тоа, но чув глас од небото+ како вели: „Задржи го во тајност* она што го рекоа+ седумте громови, и немој да го запишуваш!“ 5 И ангелот што го видов како стои на морето и на земјата ја подигна својата десна рака кон небото+ 6 и се заколна во оној што живее+ во сета вечност,+ кој го создаде небото и она што е на него, земјата+ и она што е на неа и морето и она што е во него:+ „Бог повеќе нема да чека!+ 7 Туку во деновите кога ќе се огласи седмиот ангел,+ кога ќе дојде време да затруби,+ Божјата света тајна+ ќе се доврши, според добрата вест која Бог им ја објави на своите робови — пророците“.+
8 И гласот+ што го чув од небото, повторно ми се обрати и ми рече: „Оди, земи го отворениот свиток што е во раката на ангелот кој стои на морето и на земјата!“+ 9 И отидов кај ангелот и го замолив да ми го даде малиот свиток. А тој ми рече: „Земи го и изеди го!+ Во утробата ќе ти загорчи, но во устата ќе ти биде сладок како мед“. 10 И го зедов свитокот од раката на ангелот и го изедов.+ И во устата ми беше сладок како мед,+ но кога го голтнав, ми загорчи во утробата. 11 И ми рекоа: „Пророкувај повторно за луѓе и народи и јазици и многу цареви“.+
11 И ми беше дадена трска слична на стап+ и ми беше речено: „Стани и измери го светилиштето на Божјиот храм+ и жртвеникот и оние што се поклонуваат* во него. 2 А дворот што е надвор+ од храмското светилиште, остави го и немој да го мериш, бидејќи им е даден на незнабошците.+ Тие ќе го газат светиот град+ четириесет и два месеци.+ 3 И ќе испратам двајца+ свои сведоци да пророкуваат+ илјада двесте и шеесет дена облечени во козина“.+ 4 Тие се претставени со двете маслинови дрвја+ и со двата светилника.+ Тие стојат пред Господарот на земјата.+
5 Ако некој се обиде да им наштети, оган ќе излезе од нивните усти и ќе ги проголта нивните непријатели.+ Ако некој се обиде да им наштети, така ќе биде убиен. 6 Тие имаат власт да го затворат небото+ за да не паѓа дожд+ во времето на нивното пророкување. И имаат власт да ги претворат водите во крв+ и да ја удрат земјата со секакви неволји, кога и да посакаат.
7 А кога ќе завршат со своето сведочење, ѕверот кој излегува од бездната+ ќе завојува против нив, ќе ги победи и ќе ги убие.+ 8 И нивните тела ќе лежат на главната улица од големиот град, кој во преносна* смисла е наречен Содом+ и Египет, каде што и нивниот Господар беше прикован на столб.+ 9 А луѓе од сите народи и племиња и јазици и народности+ ќе ги гледаат нивните тела три и пол дена,+ и нема да дозволат нивните тела да бидат положени во гроб. 10 А оние што живеат на земјата ќе се радуваат+ и ќе се веселат поради нивната смрт, и ќе си испраќаат дарови едни на други,+ бидејќи овие двајца пророци ги мачеа оние што живеат на земјата.
11 Но по три и пол дена+ животниот дух од Бог влезе во нив,+ и тие станаа на своите нозе, па голем страв ги обзеде оние што ги гледаа. 12 И слушнаа силен глас+ од небото како им вели: „Дојдете ваму горе!“+ И отидоа горе на небото во облакот, пред очите на своите непријатели. 13 И во тој час, настана голем земјотрес, и падна една десетина+ од градот. И седум илјади луѓе загинаа од земјотресот, а останатите се исплашија и му оддадоа слава на небесниот Бог.+
14 Втората мака+ помина. Гледај, третата мака доаѓа брзо.
15 И седмиот ангел затруби.+ И силни гласови се слушнаа на небото: „Царската власт над светот сега му припаѓа на нашиот Господар*+ и на неговиот Христос,*+ и тој ќе царува во сета вечност“.+
16 И дваесет и четирите старешини,+ кои седеа пред Бог на своите престоли, паднаа ничкум+ и му се поклонија на Бог,*+ 17 велејќи: „Ти благодариме Јехова+ Боже, Семоќен,+ кој си+ и кој беше, зашто ја зеде в раце својата голема моќ+ и почна да царуваш.+ 18 Но народите се разгневија, и дојде твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда+ на твоите робови, пророците,+ и на светите и на оние што се плашат од твоето име, на малите и на големите,+ и да бидат уништени+ оние што ја уништуваат земјата“.+
19 И се отвори светилиштето на Божјиот небесен храм+ и се покажа ковчегот+ на Божјиот сојуз во светилиштето на неговиот храм.+ И настанаа молњи и гласови и громови и земјотрес и голем град.
12 И се покажа голем знак+ на небото — жена+ облечена во сонцето, а под нозете ѝ беше месечината, а на главата имаше круна од дванаесет ѕвезди. 2 Беше бремена и викаше од болки+ и породилни маки.
3 И се покажа друг знак на небото — голем змеј со пламена боја,+ со седум глави и десет рогови, а на неговите глави седум круни.* 4 Со опашката+ одвлече третина од небесните ѕвезди+ и ги фрли на земјата.+ И змејот стоеше пред жената+ која требаше да роди+ за, кога ќе роди, да ѝ го проголта+ детето.
5 И таа роди син,+ машко, кој ќе управува со сите народи* со железна палка.+ И нејзиното дете беше однесено кај Бог и кај неговиот престол.+ 6 А жената побегна во пустината,+ каде што Бог ѝ подготви место, за да ја хранат+ таму илјада двесте и шеесет дена.+
7 И избувна војна на небото: Михаел+ и неговите ангели се бореа против змејот. И змејот се бореше заедно со своите ангели, 8 но не надвладеа. И за нив повеќе не се најде место на небото. 9 И беше исфрлен големиот змеј,+ празмијата,+ кој се вика Ѓавол+ и Сатана,+ кој го заведува целиот свет.*+ Беше исфрлен на земјата,+ а со него беа исфрлени и неговите ангели. 10 И чув силен глас на небото како вели:
„Сега дојде спасението*+ и моќта+ и царството на нашиот Бог+ и власта на неговиот Христос,*+ бидејќи е исфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинува ден и ноќ пред нашиот Бог!+ 11 А тие го победија+ со крвта на Јагнето+ и со речта на своето сведочење,+ и не го сакаа својот живот*+ ни тогаш кога се соочија со смртта. 12 Затоа веселете се небеса и вие што живеете на нив!+ Тешко вам,+ земјо и море,+ зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“+
13 А кога виде дека е исфрлен на земјата,+ змејот почна да ја прогонува жената+ која го роди машкото дете. 14 Но на жената ѝ беа дадени две крилја од голем орел+ за да одлета во пустината+ на местото подготвено за неа. Таму, далеку од змијата,+ беше хранета+ едно време и две времиња и половина време.+
15 И змијата од својата уста исфрли вода+ како река по жената за да ја удави во реката.+ 16 Но земјата ѝ дојде на помош на жената,+ и земјата ја отвори својата уста и ја проголта реката што ја исфрли змејот од својата уста. 17 И змејот се разгневи на жената,+ и отиде да води војна против преостанатите нејзини потомци, кои ги држат Божјите заповеди и на кои им е доверено да сведочат+ за Исус.
13 И застана на морскиот песок.+
И видов како од морето+ излегува еден ѕвер,+ со десет рогови+ и седум глави.+ На неговите рогови имаше десет круни,* а на неговите глави — богохулни+ имиња. 2 Ѕверот што го видов беше како леопард,+ но нозете му беа како на мечка,+ а устата му беше како уста на лав.+ Змејот+ му ја даде на ѕверот неговата моќ и неговиот престол и голема власт.+
3 И видов дека една од главите му беше како ранета до смрт, но смртната рана+ заздраве. И целата земја со одушевување го следеше ѕверот. 4 И му се поклонија на змејот,* бидејќи тој му ја даде власта на ѕверот. Му се поклонија на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да се бори со него?“ 5 И му беше дадена уста која кажуваше големи зборови+ и богохулства,+ и му беше дадена власт да дејствува четириесет и два месеци.+ 6 И ја отвори устата за да хули на Бог,+ да хули на неговото име и на неговото живеалиште — на оние што живеат на небото.+ 7 И му беше дадено+ да војува со светите и да ги победи.+ И му беше дадена власт над секое племе и народ и јазик и народност. 8 И ќе му се поклонат сите што живеат на земјата. Од настанувањето на светот+ името на ниту еден од нив не стои запишано во свитокот на животот+ на Јагнето, кое беше заклано.+
9 Ако некој има уво, нека чуе!+ 10 Ако некој е одреден за заробеништво, ќе отиде во заробеништво.+ Ако некој убие со меч, ќе биде убиен со меч.+ Тоа од светите+ бара истрајност+ и вера.+
11 И видов еден друг ѕвер+ како излегува од земјата.+ Имаше два рога како јагне, но прозборе како змеј.+ 12 И ја спроведе сета власт на првиот ѕвер+ пред негови очи. И ја натера земјата и оние што живеат на неа да му се поклонуваат на првиот ѕвер, чија смртна рана беше излечена.+ 13 И правеше големи чуда,+ дури оган од небото пушташе на земјата пред очите на луѓето.
14 И ги заведуваше оние што живеат на земјата преку чудата што му беа дадени да ги прави пред очите на ѕверот, и на оние што живеат на земјата им велеше да направат кип+ на ѕверот кој ја имаше раната+ од меч, но преживеа. 15 И му беше дадено да му вдахне живот на кипот на ѕверот, за да може кипот на ѕверот да зборува и да направи да бидат убиени сите оние што не му се поклонуваат на кипот+ на ѕверот.
16 И ги присилуваше сите луѓе,+ малите и големите, богатите и сиромасите, слободните и робовите, да примат жиг на десната рака или на челото,+ 17 и никој да не може ниту да купува ниту да продава, освен оној што го има жигот — името+ на ѕверот или бројот на неговото име.+ 18 За ова е потребна мудрост: кој е разумен, нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тоа е број на човек,+ а неговиот број е шестотини шеесет и шест.+
14 И видов, и гледај — Јагнето+ стои на гората Сион,+ и со него сто четириесет и четири илјади,+ кои го имаат неговото име и името на неговиот Татко+ напишано на своите чела. 2 И чув звук од небото како шум од многу води+ и како татнеж од силен гром. Звукот што го чув беше како музика на харфисти,+ кои пееја и свиреа на своите харфи. 3 Пееја+ нешто како нова песна+ пред престолот и пред четирите суштества+ и пред старешините.+ И никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто четириесет и четири илјади,+ кои се откупени+ од земјата. 4 Тоа се оние што не се извалкаа со жени;+ тие ја зачуваа својата девственост.+ Тие го следат Јагнето каде и да појде.+ Тие се откупени+ од луѓето како првина+ за Бог и за Јагнето, 5 и никаква лага не им се најде во устата,+ со ништо не се извалкаа.+
6 И видов еден друг ангел како лета среде небото,+ носејќи вечна добра вест+ за да им ја објави на оние што живеат на земјата — на секој народ и племе и јазик и народност.+ 7 И зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бог+ и оддајте му слава,+ зашто дојде часот на неговиот суд!+ Поклонете му се на оној* што ги создаде+ небото и земјата и морето и изворите на вода!“+
8 По него одеше уште еден ангел, втор ангел, велејќи: „Падна, падна+ Големиот Вавилон,+ блудницата која ги напои сите народи со виното+ на гневот, со виното на својот блуд!“+
9 По него одеше уште еден ангел, трет ангел, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на ѕверот+ и на неговиот кип+ и ако прими жиг на своето чело или на раката,+ 10 тој, исто така, ќе пие од виното на Божјиот гнев, неразводнето, кое е сипано во чашата на неговата јарост.+ И ќе биде мачен+ со оган и сулфур+ пред светите ангели и пред Јагнето. 11 И чадот од нивното мачење ќе се крева во сета вечност.+ Ни дење ни ноќе нема да имаат одмор оние што му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот кип, и сите што го примија жигот+ на неговото име. 12 Тоа бара истрајност од светите,+ оние што ги држат Божјите заповеди+ и верата+ во Исус“.
13 И чув глас од небото како вели: „Напиши: среќни се оние што отсега умираат во Господарот.*+ Да, вели духот, нека се одморат од својот труд, зашто нивните дела одат по нив“.
14 И видов, и гледај — бел облак, а на облакот седеше некој како синот човечки,+ со златна круна+ на главата и со остар срп во раката.
15 И еден друг ангел излезе од храмското светилиште, викајќи му со силен глас на оној што седи на облакот: „Замавни со српот и жнеј,+ зашто дојде часот да се жнее, земната жетва+ е зрела!“+ 16 И оној што седеше на облакот замавна со српот на земјата, и земјата беше пожнеана.
17 И уште еден ангел излезе од светилиштето на небесниот храм.+ И тој имаше остар срп.
18 И уште еден ангел излезе од жртвеникот и имаше власт над огнот.+ И извика со силен глас по оној што го имаше остриот срп: „Замавни со својот остар срп и собери ги гроздовите од земната лоза,+ зашто нејзиното грозје узреало!“ 19 И ангелот+ замавна со српот на земјата и ја пресече земната лоза+ и заедно со грозјето ја фрли во големото гмечало на Божјиот гнев.+ 20 И гмечалото беше газено надвор од градот+ и крв протече од гмечалото, подигнувајќи се дури до уздите на коњите,+ на оддалеченост од илјада и шестотини стадии.*+
15 И видов на небото еден друг знак,+ голем и чудесен: седум ангели+ со седум неволји.+ Тие се последните, зашто со нив завршува+ Божјиот гнев.+
2 И видов нешто како стаклено море+ измешано со оган. Покрај тоа стаклено море,+ со Божји харфи+ во рацете, стоеја оние што го победија+ ѕверот и неговиот лик+ и бројот+ на неговото име. 3 И ја пееја песната на Мојсеј,+ Божјиот роб, и песната на Јагнето:+
„Големи и чудесни се твоите дела,+ Јехова Боже, Семоќен!+ Праведни и сигурни се твоите патишта,+ Царе на вечноста!+ 4 Кој нема да се плаши од тебе,+ Јехова,+ и да го слави твоето име?+ Зашто, само ти си лојален.+ Сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат* пред тебе,+ бидејќи се покажа праведноста на твоите одредби“.+
5 Потоа видов како се отвори светилиштето+ во шаторот+ на сведоштвото+ на небото. 6 И седумте ангели+ со седумте неволји+ излегоа од светилиштето. Беа облечени во чист и сјаен лен+ и околу градите беа опашани со златни појаси. 7 И едно од четирите суштества+ им даде на седумте ангели седум златни садови полни со гневот на Бог,+ кој живее во сета вечност.+ 8 Светилиштето се исполни со чад од Божјата слава+ и од моќ, и никој не можеше да влезе во светилиштето додека не завршија седумте неволји+ на седумте ангели.
16 И чув силен глас+ од светилиштето како им вели на седумте ангели: „Одете и излејте ги на земјата седумте садови на Божјиот гнев“.+
2 И првиот+ отиде и го излеа својот сад на земјата.+ И им излегоа болни и погубни чиреви+ на луѓето што го имаа жигот на ѕверот+ и му се поклонуваа* на неговиот кип.+
3 И вториот+ го излеа својот сад во морето.+ И тоа се претвори во крв,+ како што е крвта од мртовец, и секоја жива душа изгина, сѐ што беше во морето.+
4 Третиот+ го излеа својот сад во реките+ и во изворите на вода. И тие се претворија во крв.+ 5 И го чув ангелот што има власт над водите како вели: „Праведен си, ти кој си и кој беше,+ Боже лојален,+ бидејќи така пресуди.+ 6 Зашто, тие ја пролеаја крвта на твоите свети слуги и на пророците,+ па ти им даде да пијат крв.+ Тоа и го заслужија“.+ 7 И го чув жртвеникот како вели: „Да, Јехова Боже, Семоќен,+ исправни и праведни се твоите пресуди“.+
8 Четвртиот+ го излеа својот сад врз сонцето. И на сонцето му беше дадено да ги пече+ луѓето со оган. 9 И голема жештина ги печеше луѓето, но тие хулеа на името+ на Бог, кој ја има власта+ над тие неволји, и не се покајаа за да му оддадат слава.+
10 Петтиот го излеа својот сад врз престолот на ѕверот.+ И неговото царство се замрачи.+ И луѓето си ги гризеа јазиците од болка, 11 но хулеа на небесниот Бог+ поради своите болки и чиреви, и не се покајаа за своите дела.
12 Шестиот+ го излеа својот сад врз големата река Еуфрат.+ И нејзината вода пресуши,+ за да се подготви патот за царевите+ од сончевиот исток.
13 И видов како од устата на змејот+ и од устата на ѕверот+ и од устата на лажниот пророк+ излегуваат три нечисти вдахновени изјави,+ кои личеа на жаби.+ 14 Тоа се изјави вдахновени+ од демони, кои прават чуда+ и одат кај царевите+ од целиот свет*+ за да ги соберат за војната+ која ќе се случи во големиот ден+ на Семоќниот Бог.+
15 „Еве, доаѓам како крадец.+ Среќен е оној што бдее+ и ја чува својата облека, за да не оди гол и да не му се гледа срамот.“+
16 И ги собраа на местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон.*+
17 Седмиот го излеа својот сад врз воздухот.+ Тогаш еден силен глас+ излезе од светилиштето, од престолот, велејќи: „Завршено е!“ 18 И настанаа молњи и гласови и громови, и се случи голем земјотрес+ каков што не се случил откако има луѓе на земјата+ — толку силен беше тој земјотрес,+ толку јак. 19 И големиот град+ се распадна на три дела, и градовите на народите се урнаа. И Бог се сети на Големиот Вавилон,+ да го напои со чашата со вино од својата гневна лутина.+ 20 И сите острови ги снема, и горите исчезнаа.+ 21 И голем град,+ со зрна тешки околу еден талант,* падна од небото врз луѓето. И луѓето хулеа на Бог+ поради злото што го нанесе градот,+ бидејќи тоа зло беше многу големо.
17 И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте садови,+ и ми се обрати со зборовите: „Дојди, ќе ти го покажам судот над големата блудница,+ која седи на многу води,+ 2 со која блудствуваа царевите на земјата,+ а оние што живеат на земјата се опија со виното на нејзиниот блуд“.+
3 И ме однесе во духот+ во пустина. И здогледав жена како седи на црвен ѕвер+ полн со богохулни имиња,+ кој имаше седум глави+ и десет рогови. 4 Жената беше облечена во пурпурна+ и црвена облека+ и украсена со злато, скапоцени камења и бисери.+ Во раката имаше златна чаша+ полна со гадотии+ и нечистотии од својот блуд.+ 5 На челото ѝ беше напишано име, кое е тајна:+ „Големиот Вавилон, мајка на блудниците+ и на гадотиите земни“.+ 6 И видов дека жената е пијана од крвта+ на светите и од крвта на Исусовите сведоци.+
Кога ја здогледав, многу се зачудив.+ 7 А ангелот ми рече: „Зошто се чудиш? Ќе ти ја откријам тајната на жената+ и на ѕверот со седумте глави и десетте рогови,+ кој ја носи: 8 Ѕверот што го виде беше,+ но повеќе не е, но наскоро ќе излезе од бездната+ и ќе биде уништен. И ќе се восхитуваат оние што живеат на земјата, а чии имиња од настанувањето на светот+ не се запишани во свитокот на животот,+ кога ќе видат дека ѕверот кој беше, а потоа не беше, пак се појави.
9 За ова е потребно разум и мудрост:+ Седумте глави+ претставуваат седум гори+ врз кои седи жената. 10 Тие претставуваат и седум цареви: петмина паднаа,+ еден владее,+ а другиот уште не дошол,+ но кога ќе дојде, ќе остане кратко време.+ 11 А ѕверот кој беше, но повеќе не е,+ е осми цар, но потекнува од оние седуммина, и ќе биде уништен.
12 Десетте рогови што ги виде претставуваат десет цареви,+ кои уште не примиле царство, но ќе примат власт како цареви за еден час заедно со ѕверот. 13 Тие имаат иста замисла, па затоа својата моќ и власт му ја даваат на ѕверот.+ 14 Тие ќе се борат против Јагнето,+ но Јагнето ќе ги победи,+ бидејќи е Господар над господарите и Цар над царевите,+ а ќе ги победат и оние што со него се повикани и избрани и верни“.+
15 И ми рече: „Водите што ги виде, на кои седи блудницата, претставуваат луѓе и мноштва и народи и јазици.+ 16 А десетте рогови+ што ги виде, и ѕверот+ — тие ќе ја замразат блудницата+ и ќе ја опустошат и ќе ја разголат. И ќе го изедат нејзиното месо и ќе ја изгорат со оган.+ 17 Зашто, Бог им стави во срцата да ја извршат неговата замисла,+ односно да ја извршат својата заедничка замисла, да му го предадат своето царство на ѕверот+ додека не се исполнат Божјите зборови.+ 18 А жената+ што ја виде го претставува големиот град, кој царува над земните цареви“.+
18 Потоа видов како од небото слегува еден друг ангел, кој имаше голема власт,+ и целата земја светна од неговата слава.+ 2 И извика со силен глас:+ „Падна, падна блудницата Големиот Вавилон+ и стана живеалиште на демони, извор на секаква нечиста смрдеа+ и скривалиште на сите нечисти и омразни птици!+ 3 Зашто, сите народи се опија со виното на гневот, со виното на нејзиниот блуд.+ Царевите на земјата блудствуваа со неа,+ и трговците+ на земјата се збогатија од нејзиниот огромен и бесрамен раскош“.+
4 И чув еден друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, народе мој,+ за да не учествувате и вие во нејзините гревови+ и за да не ве снајдат нејзините неволји! 5 Зашто, нејзините гревови се натрупаа до небото+ и Бог се сети на нејзините неправедни дела.+ 6 Направете ѝ така како што таа им направи на другите,+ вратете ѝ двапати повеќе, двојно вратете ѝ за нејзините дела!+ Во чашата,+ во која таа мешаше опоен пијалак, измешајте ѝ го двојно повеќе!+ 7 Колку што таа се славеше себеси и живееше во бесрамен раскош толку мака и тага дајте ѝ!+ Зашто, во срцето си велеше: ‚Седам како царица,+ и не сум вдовица,+ и нема да видам тага‘.+ 8 Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините неволји:+ смрт и тага и глад, и ќе биде изгорена во оган,+ зашто е силен Јехова Бог, кој ѝ судеше.+
9 И царевите+ на земјата, кои блудствуваа со неа и живееја во бесрамен раскош, ќе плачат и ќе жалат за неа+ кога ќе гледаат како се крева чад од огнот во кој ќе гори.+ 10 Исплашени од нејзината мака, ќе стојат малку подалеку и ќе велат:+ ‚Штета, штета, голем граде,+ Вавилоне, силен граде, зашто во еден час стигна твојата осуда!‘+
11 И трговците+ на земјата ќе плачат и ќе тагуваат за неа,+ бидејќи никој повеќе нема да купува од нивните стоки — 12 ни злато, ни сребро, ни скапоцени камења, ни бисери, ни фин лен, ни пурпур, ни свила, ни црвено платно; ниту некакво миризливо дрво, ниту некакви предмети од слонова коска, ниту некакви предмети од скапоцено дрво, ниту од бакар, ниту од железо, ниту од мермер;+ 13 ни цимет, ни индиски зачин, ни темјан, ни мирисливо масло, ни бел темјан, ни вино, ни маслиново масло, ни фино брашно, ни пченица, ни говеда, ни овци, ни коњи, ни кочии, ни робови, ни човечки души.+ 14 Зрелото овошје, по кое копнееше твојата душа,+ си отиде откај тебе, ти пропаднаа целиот раскош и сјај, и никогаш повеќе нема да се вратат.+
15 Трговците,+ кои тргуваа со сето тоа и се збогатија од неа, ќе стојат на растојание, исплашени од нејзината мака, и ќе плачат и ќе тагуваат:+ 16 ,Штета, штета, голем граде,+ облечен во фин лен и во пурпурна и црвена облека, и накитен со злато и скапоцени камења и бисери!+ 17 Во еден час беше опустошено толкаво богатство!‘+
И сите капетани на бродови и сите што допловија од разни места,+ морнарите и сите што живеат од морето стоеја на растојание+ 18 и се јадосуваа, гледајќи како се крева чадот од огнот во кој гореше: ‚Кој град е како овој голем град?‘+ 19 И си ги посипаа главите со прав+ и викаа, плачејќи и тагувајќи:+ ‚Штета, штета — голем граде, во кој сите што имаат бродови на морето+ се збогатија+ од неговото изобилство! Во еден час беше опустошен!‘+
20 Радувајте се, небо,+ и сите свети+ и апостоли+ и пророци, поради она што ја снајде, зашто Бог, осудувајќи ја неа, вам ви досуди правда!“+
21 И еден силен ангел подигна камен сличен на голем мелнички камен+ и го фрли во морето,+ велејќи: „Вака во миг ќе биде фрлен Вавилон, големиот град, и никогаш повеќе нема да постои.+ 22 И музика од харфисти и флејтисти и трубачи и од други музичари никогаш повеќе нема да се чуе во тебе.+ Никаков занаетчија, од каков и да било занает, повеќе нема да се најде во тебе. Звук од мелнички камен нема повторно да се чуе во тебе. 23 Светлина од светилка никогаш повеќе нема да свети во тебе. Глас од младоженец и невеста повеќе нема да се чуе во тебе.+ Зашто, твоите трговци+ беа големци+ на земјата и преку твоите гатања*+ беа заведени сите народи. 24 Во тој град се најде крвта+ на пророци+ и на свети+ и на сите што беа убиени на земјата“.+
19 Потоа чув силен глас како глас на големо мноштво на небото,+ кој велеше: „Фалете го Јах!*+ Спасението+ и славата и моќта му припаѓаат на нашиот Бог,+ 2 зашто неговите пресуди се вистинити и праведни.+ Зашто, тој изврши суд над големата блудница, која ја расипа земјата со својот блуд, и ѝ се одмазди за крвта на своите робови“.+ 3 И по вторпат рекоа: „Фалете го Јах!+ Чадот од нејзиниот пепел ќе се издига во сета вечност“.+
4 И дваесет и четирите старешини+ и четирите суштества+ паднаа ничкум и му се поклонија на Бог,* кој седи на престолот,+ и рекоа: „Амин!* Фалете го Јах!“+
5 И излезе глас од престолот и рече: „Фалете го нашиот Бог, сите вие негови робови+ кои се боите од него, мали и големи!“+
6 И чув нешто што звучеше како глас на големо мноштво и како шум од многу води и како татнеж на силни громови, како вели: „Фалете го Јах,+ зашто Јехова, нашиот Бог, Семоќниот,+ почна да царува!+ 7 Да се радуваме и да се веселиме и да му оддадеме слава,+ зашто дојде свадбата+ на Јагнето, и неговата жена е подготвена.+ 8 И дадено ѝ беше да се облече во фин лен, сјаен и чист, зашто финиот лен ги претставува праведните дела на светите“.+
9 И ангелот ми рече: „Напиши: среќни се оние што се поканети+ на свадбената вечера на Јагнето“.+ Уште ми рече: „Ова се вистинити Божји зборови“.+ 10 Тогаш паднав пред неговите нозе да му се поклонам,+ но тој ми рече: „Не прави го тоа!+ И јас сум само роб како и ти и твоите браќа, на кои им е доверено да сведочат за Исус.+ Поклони му се на Бог!+ Зашто, целта на пророштвата е да сведочат за Исус“.+
11 И го видов небото отворено и, гледај — бел коњ.+ А оној што седеше на него се вика Верен+ и Вистинит,+ и тој праведно суди и војува.+ 12 Неговите очи беа огнен пламен,+ а на главата имаше многу круни.*+ Имаше напишано име+ кое не го знае никој друг, освен тој самиот, 13 и беше облечен во облека испрскана со крв.+ Името му беше Реч+ Божја. 14 А по него одеа небесните војски на бели коњи, облечени во фин лен, бел и чист. 15 И од устата му излегуваше остар меч,+ за да ги удри со него народите. Тој ќе управува со нив* со железна палка.+ И ќе го гази гмечалото+ на гневната лутина на Семоќниот Бог.+ 16 На својата облека, на своето бедро, имаше напишано име: Цар над царевите и Господар над господарите.+
17 Видов и еден ангел како стои на сонцето. И извика со силен глас, и на сите птици+ што летаат среде небото им рече: „Дојдете, соберете се на големата Божја вечера, 18 да јадете месо+ од цареви, месо од воени заповедници,* месо од јунаци,+ месо од коњи+ и од нивните јавачи, месо од сите луѓе — слободни и робови, мали и големи“.
19 И ги видов ѕверот+ и земните цареви+ и нивните војски собрани да водат војна+ со оној што седи на коњот+ и со неговата војска. 20 И беше фатен ѕверот,+ а со него и лажниот пророк,+ кој пред него правеше чудесни знаци+ со кои ги заведе оние што го примија жигот+ на ѕверот и оние што му се поклонуваа на неговиот кип.+ Обајцата беа живи фрлени во огненото езеро, кое гори со сулфур.+ 21 А останатите беа убиени со мечот што излегуваше од устата+ на оној што седи на коњот.+ И сите птици+ се наситија+ со нивното месо.+
20 И видов еден ангел како слегува од небото со клучот од бездната+ и со голем синџир во раката. 2 И го фати змејот,+ празмијата,+ кој е Ѓавол+ и Сатана,+ и го врза за илјада години. 3 И го фрли во бездната,+ која ја заклучи и ја запечати над него, за да не ги заведува повеќе народите додека не завршат тие илјада години. Потоа треба да биде одврзан за кратко време.+
4 И видов престоли.+ На оние што седеа на нив им беше дадено да судат.+ Ги видов душите на оние што беа погубени* затоа што сведочеа за Исус и зборуваа за Бог, оние што не му се поклонија* ниту на ѕверот+ ниту на неговиот кип+ и не примија жиг на челото, ниту на раката.+ И оживеаја и царуваа+ со Христос илјада години. 5 (Останатите мртви+ не оживеаја сѐ додека не завршија тие илјада години.)+ Ова е првото воскресение.+ 6 Среќен е+ и свет+ секој што има удел во првото воскресение. Над нив втората смрт+ нема власт,+ туку ќе бидат свештеници+ на Бог и на Христос, и ќе царуваат со Христос илјада години.+
7 А штом ќе завршат тие илјада години, Сатана ќе биде пуштен од својот затвор. 8 И ќе излезе да ги заведува народите од четирите краишта на земјата, Гог и Магог, за да ги собере за војна. Нивниот број ќе биде како морскиот песок.+ 9 И видов како напредуваа по ширината на земјата и го опколија логорот на светите+ и саканиот град.+ Но оган слезе од небото и ги проголта.+ 10 А Ѓаволот,+ кој ги заведуваше, беше фрлен во езерото огнено и сулфурно, каде што веќе се наоѓаа и ѕверот+ и лажниот пророк.+ И тие ќе бидат мачени дење и ноќе во сета вечност.
11 И видов еден голем бел престол и оној што седи на него.+ Пред него побегнаа земјата и небото,+ и за нив не се најде повеќе место. 12 И ги видов мртвите, големите и малите,+ како стојат пред престолот, и свитоци се отворија. А се отвори и еден друг свиток — свитокот на животот.+ И мртвите беа судени според нивните дела на темел на она што е напишано во свитоците.+ 13 И морето ги предаде мртвите што беа во него, и смртта и гробот* ги предадоа мртвите+ што беа во нив. И секому му беше судено според неговите дела.+ 14 А смртта+ и гробот* беа фрлени во огненото езеро. Тоа огнено езеро+ ја претставува втората смрт.+ 15 И секој што не се најде запишан во книгата на животот,+ беше фрлен во огненото езеро.+
21 И видов ново небо+ и нова земја,+ зашто поранешното небо+ и поранешната земја+ исчезнаа, и морето+ повеќе го немаше. 2 Го видов и светиот град,+ Новиот Ерусалим, како слегува од небото+ од Бог, подготвен како невеста+ украсена за својот маж.+ 3 Тогаш чув еден силен глас од престолот како вели: „Еве го Божјиот шатор+ меѓу луѓето! Бог ќе живее+ со нив и тие ќе бидат негов народ+ и самиот Бог ќе биде со нив.+ 4 И тој ќе ја избрише секоја солза+ од нивните очи и смрт нема да има веќе,+ ни тага, ни пискот, ниту болка.+ Сѐ што беше порано, помина“.+
5 И Оној што седи на престолот+ рече: „Гледај, правам сѐ ново!“+ Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни!“ 6 И ми рече: „Се исполнија! Јас сум алфа и омега,* почетокот и крајот.+ На секој што е жеден ќе му дадам бесплатно да пие од изворот на водата на животот.+ 7 Кој ќе победи, ќе ги наследи тие благослови. И јас нему ќе му бидам Бог,+ а тој мене ќе ми биде син.+ 8 А страшливците, безверните,+ валканите,+ убијците,+ блудниците,+ гаталците,* идолопоклониците+ и сите лажливци+ ќе завршат во езерото што гори со оган+ и сулфур.+ Тоа ја претставува втората смрт“.+
9 И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте садови полни со седумте последни неволји,+ и ми се обрати со зборовите: „Дојди, ќе ти ја покажам невестата, жената на Јагнето“.+ 10 И ме однесе во духот на една голема и висока гора,+ и ми го покажа светиот град+ Ерусалим како слегува од небото од Бог+ 11 и имаше Божја слава.+ Блескаше како скапоцен камен, како камен јаспис, кој сјае како кристал.+ 12 Имаше голем и висок ѕид,+ со дванаесет порти, а на портите дванаесет ангели и напишани имиња, имињата на дванаесетте племиња на синовите Израелови.+ 13 На исток имаше три порти, на север три порти, на југ три порти, и на запад три порти.+ 14 Градскиот ѕид имаше и дванаесет камен–темелници,+ и врз нив дванаесетте имиња на дванаесетте апостоли+ на Јагнето.
15 А оној што ми се обрати држеше златна трска за мерење,+ за да го измери градот и неговите порти и неговиот ѕид.+ 16 А градот беше изграден во облик на четириаголник. Должината му беше еднаква на широчината. И го измери градот+ со трската: дванаесет илјади стадии* — должината и широчината и височината му беа еднакви. 17 Го измери и неговиот ѕид: сто четириесет и четири лакти,* по човечка мера, која е и ангелска. 18 Ѕидот беше изграден од јаспис,+ а градот беше од чисто злато, слично на чисто стакло. 19 Темелите+ на градскиот ѕид беа од секаков вид скапоцени камења:+ првиот темел беше од јаспис,+ вториот од сафир,+ третиот од калцедон, четвртиот од смарагд,+ 20 петтиот од сардоникс, шестиот од сард, седмиот од хризолит,+ осмиот од берил, деветтиот од топаз,+ десеттиот од хризопрас, единаесеттиот од хијацинт, дванаесеттиот од аметист.+ 21 А дванаесетте порти беа дванаесет бисери — секоја порта беше направена од по еден бисер.+ И главната градска улица беше од чисто злато, слично на проѕирно стакло.
22 Во градот не видов храм,+ бидејќи неговиот храм+ е Јехова+ Бог, Семоќниот,+ а и Јагнето.+ 23 На градот не му требаше ни сонце ни месечина за да му светат, зашто Божјата слава го осветлуваше,+ а светилка му беше Јагнето.+ 24 И народите ќе одат во неговата светлина,+ а царевите на земјата ќе ја донесат во него својата слава.+ 25 Портите нема да му се затвораат дење,+ а ноќ таму нема да постои.+ 26 И тие ќе ја донесат во него славата и честа на народите.+ 27 Но ништо несвето и ниту еден кој прави гадотии+ и зборува лага+ нема да влезе во него,+ туку само оние што се запишани во свитокот на животот на Јагнето.+
22 И ми покажа река со вода на животот,+ бистра како кристал, како тече од престолот на Бог и на Јагнето+ 2 среде главната градска улица. А од едната и од другата страна на реката имаше дрвја+ на животот кои раѓаа род дванаесет пати годишно — секој месец даваа плод.+ А лисјата на дрвјата беа за лекување на народите.+
3 И повеќе нема да има никакво проклетство.+ А престолот на Бог+ и на Јагнето+ ќе биде во градот, и неговите робови ќе му служат* на Бог.+ 4 И ќе го видат неговото лице,+ и неговото име ќе им биде на челата.+ 5 Ноќ нема да има веќе,+ и нема да им треба светлина од светилка, ниту ќе ги осветлува сончева светлина, бидејќи Јехова Бог ќе ги осветлува со светлина,+ и тие ќе царуваат во сета вечност.+
6 И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити.+ Јехова, Богот кој ги вдахна+ пророците,+ го испрати својот ангел за да им го покаже на своите робови она што наскоро ќе се случи.+ 7 Еве, доаѓам брзо!+ Среќен е секој што ги држи зборовите на пророштвото од овој свиток“.+
8 Јас, Јован, го чув и го видов сето тоа. И кога го чув и го видов, паднав пред нозете на ангелот кој ми го покажуваше тоа за да му се поклонам.+ 9 Но тој ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум само роб како и ти и твоите браќа пророци+ и како оние што ги држат зборовите на овој свиток. Поклони му се на Бог!“*+
10 Уште ми рече: „Не запечатувај ги зборовите на пророштвото од овој свиток, бидејќи близу е времето да се исполни тоа!+ 11 Кој е неправеден, и понатаму нека врши неправда.+ Кој е валкан, и понатаму нека се валка.+ А кој е праведен,+ и понатаму нека врши правда. И кој е свет, и понатаму нека биде свет.+
12 ‚Еве, доаѓам бргу,+ и донесувам плата,+ за да му платам секому според неговото дело.+ 13 Јас сум алфа и омега,*+ првиот и последниот,+ почетокот и завршетокот. 14 Среќни се оние што ги испрале своите долги облеки+ за да смеат да одат кај дрвјата на животот+ и да можат да влезат во градот низ неговите порти.+ 15 Надвор остануваат кучињата+ и гаталците*+ и блудниците+ и убијците и идолопоклониците и секој што ја сака лагата и се служи со неа.‘+
16 ‚Јас, Исус, го испратив својот ангел да им го посведочи ова на собранијата. Јас сум коренот+ и потомокот Давидов,+ и сјајната утринска ѕвезда‘ “.+
17 И духот+ и невестата+ велат: „Дојди!“ И секој што слуша, нека рече: „Дојди!“+ И секој што е жеден, нека дојде.+ Секој што сака, нека земе бесплатно од водата на животот.+
18 „Му сведочам секому кој ги слуша зборовите на пророштвото од овој свиток: ако некој нешто додаде кон ова,+ Бог нему ќе му ги додаде неволјите+ кои се запишани во овој свиток. 19 И ако некој одземе нешто од зборовите на свитокот на ова пророштво, Бог ќе му го одземе делот од она што е запишано во овој свиток: нема да смее да јаде од дрвјата на животот,+ ниту да влезе во светиот град.+
20 Оној што сведочи за тоа вели: ‚Да, доаѓам брзо!‘ “+
„Амин!* Дојди, Господару* Исусе!“
21 Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос нека биде со светите.+
Или: „Откровение дадено на Јован; Апокалипса“.
Или: „чита на глас“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „почетокот и крајот“. Алфа е првата, а омега последната буква од грчката азбука.
Види го додатокот 11.
Буквално: „адот“.
Буквално: „ќе ти ја дадам круната (венецот) на животот“.
Или: „најскриените чувства“. Види Ере 11:20; 17:10; 20:12.
Буквално: „ги пасе“.
Буквално: „неколку имиња“.
Буквално: „на целата населена земја“.
Буквално: „круната; венецот“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.
Или: „му покажуваа почит на оној; извршија чин на обожавање пред оној“.
Една миријада се десет илјади.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „му покажаа почит на Бог; извршија чин на обожавање пред Бог“.
„Мера“ (грчки: хи́никс; нешто повеќе од еден литар, односно околу 700 грама) била дневната војничка порција пченица; еден „денариј“ бил еднодневна плата (види ја фуснотата за Мр 14:5).
Или: „А на маслото и на виното не наштетувај им“.
Буквално: „адот“.
Или: „крвта“.
Или: „илјаданачалниците; хилијарсите“.
Или: „му покажаа почит на Бог; извршија чин на обожавање пред Бог“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „му вршат света служба“.
Буквално: „суштествата кои имаат душа“.
„Авадон“ значи „уништување“.
„Аполион“ значи „уништувач“.
200.000.000.
Или: „обожаваат“.
Или: „повикување духови“. Буквално: „за дрога“.
Буквално: „Запечати го“.
Или: „му покажуваат почит на Бог“.
Буквално: „духовна“.
Види го додатокот 11.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Или: „му покажаа почит на Бог; извршија чин на обожавање пред Бог“.
Или: „дијадеми“.
Буквално: „ќе ги пасе сите народи“.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „победата“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „душа“.
Или: „дијадеми“.
Или: „му покажаа почит на змејот; извршија чин на обожавање пред змејот“.
Или: „покажете му почит на оној; обожавајте го оној“.
Види го додатокот 11.
Околу 296 километри. Стадијот бил една осмина од римската милја, и изнесувал 185 метри. Види го додатокот 13.
Или: „ќе му покажат почит; ќе извршат чин на обожавање“.
Или: „го почитуваа (обожаваа)“.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „Армагедон“. Изразот значи „ридот кај Мегидо“.
Талантот тежел 20,4 килограми. Види ја фуснотата за Мт 18:24.
Или: „повикување духови“. Буквално: „употреба на дрога“.
„Фалете го Јах!“ Или: „Алилуја!“ Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.
Или: „му покажаа почит на Бог; извршија чин на обожавање пред Бог“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „дијадеми“.
Буквално: „Тој ќе ги пасе“.
Или: „илјаданачалници; хилијарси“.
Буквално: „погубени со секира“.
Или: „почитуваа (обожаваа)“.
Буквално: „адот“.
Буквално: „адот“.
Види ја фуснотата за От 1:8.
Или: „оние што повикуваат духови“. Буквално: „оние што употребуваат дрога“.
Околу 2.220 километри. Види ја фуснотата за От 14:20.
Околу 64 метри. Види го додатокот 13.
Или: „вршат света служба“.
Или: „Обожавај го Бог!“
Види ја фуснотата за От 1:8.
Или: „оние што повикуваат духови“. Буквално: „оние што употребуваат дрога“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Види го додатокот 11.