ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 стр. 1687-1688
  • 3 „Шеол“, „ад“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3 „Шеол“, „ад“
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
3 „Шеол“, „ад“

3 „Шеол“, „ад“

Гроб — но не како буквално место за закоп, туку во преносна смисла како заедничко место во кое заминуваат умрените луѓе
Хебрејски: שאול (шеол); грчки: ᾅδης (а́дис); латински: infernus (инфе́рнус); сириски: шиул

Шеесет и шест места каде што се јавува зборот „шеол“

Во преводот Нов свет, хебрејскиот израз шеол е преведен со изразот „гроб“. Но фуснотите, во кои стои транскрипцијата „шеол“, го упатуваат читателот на изворниот збор. Фусноти има во: 1Мо 37:35; 42:38; 44:29, 31; 4Мо 16:30, 33; 5Мо 32:22; 1Са 2:6; 2Са 22:6; 1Ца 2:6, 9; Јов 7:9; 11:8; 14:13; 17:13, 16; 21:13; 24:19; 26:6; Пс 6:5; 9:17; 16:10; 18:5; 30:3; 31:17; 49:14, 14, 15; 55:15; 86:13; 88:3; 89:48; 116:3; 139:8; 141:7; Из 1:12; 5:5; 7:27; 9:18; 15:11, 24; 23:14; 27:20; 30:16; Про 9:10; Пнп 8:6; Иса 5:14; 7:11; 14:9, 11, 15; 28:15, 18; 38:10, 18; 57:9; Езе 31:15, 16, 17; 32:21, 27; Ос 13:14, 14; Ам 9:2; Јон 2:2; Авк 2:5.

На споменативе места (со исклучок на Иса 7:11) зборот шеол се наоѓа во хебрејскиот текст. Во Иса 7:11, во изворниот текст, стои зборот шеала („прашај“), но со незначителна промена на ознаките за самогласки и во склад со повеќе стари преводи, прифатено е дека тој збор се чита шеола, што значи „во шеол“. Во грчката Септуагинта зборот шеол главно е преведуван со а́дис.

Иако има различни мислења во врска со потеклото на хебрејскиот збор шеол, тој, по сѐ изгледа, е изведен од хебрејскиот глагол שׁאל (шаал), кој значи „прашува“ или „бара“. Ова покажува дека шеол е место кое бара, или изискува, во него да влезат сите без разлика, и прима во себе мртви луѓе. (Види ги фуснотите во 1Мо 37:35 и Иса 7:11 во англиското издание Rbi8.) Тоа се наоѓа во земјата и секогаш се поврзува со мртвите и со безживотна состојба. Едноставно кажано, тој збор значи „гроб“, но не во смисла на некое буквално место во кое се погребуваат мртвите, туку во смисла на симболично заедничко место во кое заминуваат мртвите луѓе. За разлика од ова, хебрејскиот збор кевер се однесува на буквален гроб, односно на местото каде што се закопува мртвиот (1Мо 23:4, 6, 9, 20).

Десет места на кои се појавува зборот „ад“

Грчкиот израз а́дис (кој веројатно значи „невидливо место“) се јавува на десет места во изворниот текст, и тоа во: Мт 11:23; 16:18; Лк 10:15; 16:23; Де 2:27, 31; От 1:18; 6:8; 20:13, 14. Во преводот Нов свет на 9 места е преведен со изразот „гроб“, а на едно место е оставен буквалниот превод „ад“ (Лк 16:23). На местата каде што се користи преводот „гроб“ има фусноти, кои го упатуваат читателот на буквалниот превод.

Во Де 2:27, тоа што Петар го цитира Псалм 16:10 покажува дека а́дис значи исто што и шеол и дека се однесува на симболично заедничко место на кое заминуваат мртвите луѓе (за разлика од грчкиот збор та́фос, кој се однесува на буквален гроб). Латинскиот збор што одговара на зборот а́дис е infernus (инфе́рнус) (понекогаш inferus [и́нферус]). Тој значи „подземен; долен“ и добро го опишува гробот, па затоа претставува соодветен превод, близок и на грчкиот и на хебрејскиот израз.

Во вдахновениот библиски текст зборовите шеол и а́дис се поврзуваат со смртта и со мртвите, а не со животот и со живите (От 20:13). Тие зборови сами по себе не содржат и, ни оддалеку, не пренесуваат ниту мисла на уживање ниту на болка.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели