7 Христовата присутност (парусија)
Матеј 24:3 — грчки: τὸ σημεῖον τῆς σῆς παρουσίας (то сими́он тис сис паруси́ас)
1864 |
|
The Emphatic Diaglott од Бенџамин Вилсон, Њујорк и Лондон. |
1897 |
|
The Emphasised Bible, од Џ. Б. Ротерхам, Синсинати, Соединетите Држави. |
1903 |
|
The Holy Bible in Modern English, од Ф. Фентон Лондон. |
1950 |
|
New World Translation of the Christian Greek Scriptures, Бруклин, Њујорк. |
Грчката именка паруси́а буквално значи „е до/покрај“. Се состои од предлогот пара́ („покрај, при, до“) и именката уси́а („постоење“). Зборот паруси́а се појавува 24 пати во грчките книги на Библијата („Новиот завет“), и тоа во Мт 24:3, 27, 37, 39; 1Ко 15:23; 16:17; 2Ко 7:6, 7; 10:10; Фп 1:26; 2:12; 1Со 2:19; 3:13; 4:15; 5:23; 2Со 2:1, 8, 9; Јк 5:7, 8; 2Пе 1:16; 3:4, 12; 1Јо 2:28. На тие 24 места, изразот паруси́а во преводот Нов свет се преведува со „присутност“, или во самиот текст или во фуснотите под текстот.
Сродниот глагол па́рими буквално значи „е до/покрај“. Се појавува на 24 места во грчките книги од Библијата, и тоа во Мт 26:50; Лк 13:1; Јвн 7:6; 11:28; Де 10:21, 33; 12:20; 17:6; 24:19; 1Ко 5:3, 3; 2Ко 10:2, 11; 11:9; 13:2, 10; Га 4:18, 20; Кол 1:6; Ев 12:11; 13:5; 2Пе 1:9, 12; От 17:8. Во преводот Нов свет зборот па́рими е преведен со изразите „е присутен“, „е (некаде)“ и слично, во зависност од контекстот.
Зборот паруси́а („присутност“) се разликува од грчкиот збор е́левсис („доаѓање“), кој се јавува само еднаш во грчкиот текст, во Де 7:52, во формата еле́всеос (латински: adventu [адве́нту]). Изразите паруси́а и е́левсис не се користат како синоними. Во делото Theological Dictionary of the New Testament (Теолошки речник на Новиот завет) пишува дека „изразите [па́рими и паруси́а] никогаш не се користат за Христовото доаѓање во тело, а παρουσία никогаш не ја содржи мислата за враќање. Идејата за повеќекратна паруси́а првпат се среќава дури во доцната Црква [не пред Јустинијан, во вториот век од нашата ера]... Основен предуслов за да се разбере начинот на размислување на исконското христијанство е да се ослободиме потполно од таа претстава [за повеќекратна паруси́а]“ (том V, страница 865).
Во врска со значењето на тој збор, докторот по теологија Израел П. Ворен, во своето дело The Parousia (Парусија), напишал: „Ние често зборуваме за ‚вториот адвент‘, ‚второто доаѓање‘ итн., но Библијата никогаш не зборува за ‚втората Парусија‘. Без разлика каква требало да биде нејзината природа, Парусијата била нешто посебно, нешто кое никогаш порано не се случило и никогаш повторно нема да се случи. Таа присутност требало да биде поинаква и позначајна од сите други негови појавувања пред луѓето, па затоа тој израз со право би требало да стои самостојно и да гласи едноставно ПРИСУТНОСТ, без никакви епитети кои поблиску би го одредувале неговото значење“ (Портланд, Мејн, САД, 1879 г., страници 12-15).
Освен тоа, A Greek-English Lexicon of the New Testament and Other Early Christian Literature (Грчко-англиски лексикон на Новиот завет и на друга ранохристијанска литература) од В. Бауер вели дека зборот паруси́а „станал службен назив за посета на лице од висок ранг, особено за посета на кралеви и цареви на некоја провинција“ (второ издание на англиски, приредено од Ф. В. Гингрич и Ф. В. Данкер, Чикаго и Лондон, 1979 г., страница 630). Во Мт 24:3 и во други стихови, како на пример, во 1Со 3:13 и 2Со 2:1, зборот паруси́а се однесува на присутноста на Исус Христос во текот на последните денови на овој светски поредок, откако тој бил устоличен за Цар.