ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 стр. 1698-1699
  • 10 Изразите „Стар завет“ и „Нов завет“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 10 Изразите „Стар завет“ и „Нов завет“
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
10 Изразите „Стар завет“ и „Нов завет“

10 Изразите „Стар завет“ и „Нов завет“

2. Коринќаните 3:14 — грчки: ἐπὶ τῇ ἀναγνώσει τῆς παλαιᾶς διαθήκης (епи́ ти анагно́си тис палеа́с дјати́кис); латински: in lectione veteris testamenti (ин лектио́не ве́терис тестаме́нти)

Денес деловите од Библијата што изворно биле напишани на хебрејски, односно арамејски јазик обично се нарекуваат „Стар завет“, а деловите што биле напишани на грчки јазик, „Нов завет“. Но, дали овие изрази се врз основа на Библијата?

Многу христијански цркви и верски заедници сметаат дека изразот кој Павле го употребил во 2Ко 3:14 е заедничко име за сите библиски книги кои денес се нарекуваат „Стар завет“. До таков заклучок би можело да се дојде и врз основа на преводот на тој збор во некои македонски преводи на Библијата, како што се: Свето писмо — издание на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов (ДХК), преводот Радосна вест, Стандардниот превод на Новиот завет. Во преводот ДХК тој стих гласи: „Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет“. Таквиот превод го наведува читателот на заклучокот дека Павле зборува за претхристијанскиот дел на Библијата, кој денес обично се нарекува „Стар завет“. Но, дали треба така да ги разбереме зборовите на Павле?

Не. Апостолот мислел само на еден дел од хебрејските библиски книги, на сојузот на Законот, кој Мојсеј го опишал во Петокнижието, а не на сите хебрејско-арамејски библиски книги. Затоа во следниот стих рекол: „Кога го читаат Мојсеја“. Освен тоа, тој не сакал да каже дека вдахновените христијански списи од првиот век претставуваат некаков „нов завет“, затоа што тој израз не се спомнува во Библијата.

Исто така, вредно е да се забележи дека грчкиот збор дјати́ки, кој Павле овде го користи, всушност значи „сојуз“. Некои преведувачи го признаваат тој факт во фуснотите или во придружните коментари, иако во текстот сепак го задржуваат традиционалниот превод „Стар завет“.

Значи, Библијата не дава основа нејзиниот дел, изворно напишан на хебрејски и на арамејски јазик, да се нарекува „Стар завет“, а делот напишан на грчки — „Нов завет“. Исус Христос ја нарекувал збирката на светите списи „Писма“ (Мт 21:42; Мр 14:49; Јвн 5:39). Апостол Павле ја нарекол „Светите писма“, „Писмата“ и „светите списи“ (Ри 1:2; 15:4; 2Ти 3:15).

Освен сето ова, називот „Стар завет“ неизбежно ја носи со себе и мислата за помала вредност и застареност на книгите што го носат тој назив. Но, всушност, Библијата е неделива целина и ниту еден нејзин дел не е застарен, односно „стар“. Нејзината порака е единствена од првата книга во хебрејскиот дел до последната книга во грчкиот дел (Ри 15:4; 2Ти 3:16, 17).

Затоа, со добри причини, не ги користиме изразите кои се засноваат на погрешни сфаќања, а ги користиме поточните изрази како што се „библиски книги пишувани на хебрејски/ грчки јазик“, „дел од Библијата напишан на хебрејски/грчки“, и слично.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели