Религиозна толеранција после 500 години!
ПРЕД петстотини години, Кристофор Колумбо испловил од Шпанија. Само еден ден пред неговото тргнување, уште една флота ја напуштила Шпанија, но во друг правец. Колумбо и неговите луѓе се вратиле победоносно, бидејќи откриле нови земји. Но другите несреќни патници никогаш повторно не ја виделе својата родна земја.
Кои биле тие луѓе, и зошто биле прогонети? Тоа биле шпански Евреи. Две седмици пред Колумбо да добие кралско одобрение за неговото откривачко патување, Фердинанд и Изабела, католичките владетели на Шпанија, издале едикт за протерување на сите Евреи од Шпанија, „за никогаш повторно да не се вратат“. Ги обвиниле шпанските Евреи дека извршиле злосторства против светата католичка вера.
Овој декрет, заедно со претходно воведената инквизиција, го означиле почетокот на една крстоносна војна која требало да ја исчисти Шпанија од сите некатолици. Една деценија по протерувањето на Евреите, биле протерани и Маврите кои практицирале исламска вера. А инквизицијата брзо ги бришела протестанските групи кои се множеле. Колумбо, кој го одразувал нетрпеливиот дух на неговите кралски покровители, сакал да ги истера Евреите од сите земји што би ги открил.
Духот на религиозна нетолеранција преодвладувал во Шпанија дури и во ова столетие. Под диктатурата на Франциско Франко, само католичката религија уживала „официјална заштита“. Многумина кои сакале да практицираат друга вера тирански биле апсени. Јеховините сведоци во Шпанија биле затворани под обвинение дека го кршат духовното единство на Шпанија. Во 1959, владиниот министер Камило Алонсо Вега ѝ наредил на полицијата да продолжи со „истребувањето“ на делото на Сведоците. Но за среќа, времињата се изменија.
На 31. март 1992, точно пет стотини години откако неговите претходници го потпишале декретот за протерување на Евреите, Хуан Карлос, сегашниот крал на Шпанија, посети една синагога во Мадрид по повод симболичното среќавање на шпанската круна со потомците на тие прогонети шпански Евреи.
„Нетолеранцијата во Шпанија му припаѓа на минатото“, изјави шпанскиот министер за правда Томас де ла Квадра. Денес, Евреи, муслимани и протестанти вршат обожавање без пречки. И Јеховините сведоци повеќе не се под забрана. Мадрид се фали со нова џамија и нова синагога, како и со подружницата на Јеховините сведоци во Шпанија. Со преку 90.000 активни членови, Сведоците се сметаат за најголема некатоличка религија во Шпанија.
Ако би сакале повеќе информации за Јеховините сведоци и за нивните верувања, молиме пишете на една од адресите наведени на страница 5.
[Слика на страница 32]
Шпанската подружница на Друштвото Стражарска кула