Твојот пример делува на другите
СЕКОЈ врши некакво влијание на другите, било на добро или лошо. Една млада девојка од Нигерија минатиот ноември напишала:
„Не можам повеќе да се воздржам. Кога читав како повлијаела верата на Виндем врз многумина млади како мене (Разбудете се! од 22. октомври 1992, англ., „Виндемовата вера — како делувала на другите“), едноставно знаев дека треба да ви пишам. Очите ми беа полни со солзи. Размислувам за Виндем толку многу, исто како да сум го познавала.
Истата таа недела бев тешко болна и некако во тоа време требаше да појдам в болница. Му се молев на Јехова Бог за тоа ако докторот предложи трансфузија на крв, Тој да ме зајакне и да ми даде храброст да заземам цврст став за моите убедувања, токму како што тоа го направил Виндем Кук, па дури и ако мора да умрам.
Додека ви пишувам сѐ уште не сум во потполност оздравена, но ви благодарам што објавивте една толку зајакнувачка и охрабрувачка статија.“
Разбудете се! прави многу повеќе освен што им помага на читателите да се борат со проблемите. Тоа исто така ја изградува довербата во ветувањата на Творецот за еден мирољубив и сигурен нов свет. Ако сакате понатамошни информации или бесплатна домашна библиска студија, ве молиме пишете до Христијанска верска заедница на Јеховини сведоци, поштенски фах 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.