ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/1 стр. 32
  • Она што го бараше беше чесноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Она што го бараше беше чесноста
  • Разбудете се! 1997
Разбудете се! 1997
g97 8/1 стр. 32

Она што го бараше беше чесноста

Една млада жена од Еквадор отишла на интервју за работа. Откако разговарала со другите кандидати — сѐ на сѐ 36 — сфатила дека нејзините шанси се мали. Тие имале работно искуство и универзитетско образование, додека таа немала ни едно ни друго. И од шесте прашања што ѝ биле поставени, таа две одговорила неточно. Меѓутоа, едно прашање било од лична природа: „Што е за Вас вистина?“

Жената одговорила: „Вистината не е апстрактен поим, туку нешто што треба да го живееме. Треба да ја зборуваме вистината и да не лажеме, зашто ако лажеме, се ставаме во друштвото на Сатана, Ѓаволот. Ако ја зборуваме вистината, му угодуваме на Бог и добиваме многу лични користи“.

Кога шефот прашал за религијата на жената, таа одговорила дека е Јеховин сведок. Следниот ден била известена дека таа била примена на работа. После еден месец, жената го прашала шефот зошто ја избрал неа, и тој ѝ рекол дека тоа било поради нејзината чесност.

Нели е вистина дека многу луѓе денес се нечесни? Од друга страна, луѓето кои ја почитуваат Библијата се забележани по нивната чесност. Стражарска кула од 1 јули 1995, рекла: „Во Библијата зборот ‚вистина‘ воопшто не е како апстрактниот, недостижен поим околу кој дебатираат филозофите“.

Ќе извлечете корист од редовното читање на Стражарска кула која ширум светот е забележана како застапник на библиската вистина. Ако сакате да добиете примерок или да имате бесплатна библиска студија дома, Ве молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели