ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/12 стр. 32
  • Прекрасна иднина за планетата Земја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прекрасна иднина за планетата Земја
  • Разбудете се! 1996
Разбудете се! 1996
g96 8/12 стр. 32

Прекрасна иднина за планетата Земја

„ИСТРАЖУВАЊЕТО покажува дека Земјата сега е најтопла отколку што била во период од 600 години“, известува Globe and Mail од Торонто. Во 1995 година, еден топлотен бран во централните Соединети Држави ги одзеде животите на повеќе од 500 лица во Чикаго. Слични екстремни услови ги снајдоа Индија и Австралија, додека Англија го доживеа „третото најсуво лето во изминатите 200 години“.

Која е причината за ова? Хенри Хењвелд, стручњак за климатски услови при Федералниот оддел за околина во Канада, вели: „Билансот на доказите укажува на тоа дека врз глобалната клима забележително влијание има човекот“. Според извештајот во Globe and Mail, „необичното време е во склад со компјутерските модели кои ги симулираат ефектите од глобалното загревање, за кое се мисли дека главно е предизвикано од согорувањето на фосилните горива“.

Во научните кругови сѐ уште се дебатира постоењето на глобално затоплување. Меѓутоа, The New Encyclopædia Britannica забележува: „Човештвото ја злоупотребува атмосферската средина побрзо отколку што ја разбира“.

За среќа, Библијата ни кажува дека Земјата „си постои секогаш“ (Проповедник 1:4). Тоа е затоа што Творецот, Јехова Бог, нема да допушти човек или какви и да било природни сили да ја уништат. Напротив, тој ќе ‚донесе уништување на оние кои ја уништуваат Земјата‘ (Откровение 11:17, 18, НС).

Освен тоа, Библијата нѐ уверува дека Јехова Бог има подготвено прекрасна иднина за нашата планета, Земјата, како и за сето послушно човештво. „Кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.“ Колку само можеме да бидеме среќни што иднината на Земјата е во Божји, а не во човечки раце! (Псалм 36:11; 71:16; Исаија 65:17—25; 2. Петрово 3:13).

Доколку би сакале да ги добиете идните изданија на Разбудете се! Ве молиме стапете во контакт со Јеховините сведоци во Вашето подрачје или напишете на најблиската адреса наведена на 5. страница.

[Извор на слика на страница 32]

Фотографија на NASA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели