ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/9 стр. 32
  • Тоа го покренало на акција!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тоа го покренало на акција!
  • Разбудете се! 1997
Разбудете се! 1997
g97 8/9 стр. 32

Тоа го покренало на акција!

Еден човек од Каракас, главниот град на Венецуела, го посетил својот остарен татко, Руфино. Таткото живеел во Ла Лома, оддалечено село во едно рурално подрачје. Синот му ја однел на Руфино книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.

Подоцна, Јеховините сведоци од Лос Хумокарос отишле да проповедаат во Ла Лома. На нивно изненадување, луѓето постојано зборувале дека еден Сведок веќе ги посетува. Сведоците се збуниле затоа што знаеле дека не живеат Сведоци во тоа подрачје. Тогаш некој покажал на куќата на наводниот Сведок — тоа било куќата на Руфино!

Руфино бил одушевен што се запознал со своите посетители. Зошто оние во неговото село го идентификувале како Јеховин сведок? Па, Руфино почнал да ја чита книгата Живеј засекогаш и, кога дошол до 13. поглавје, ја видел илустрацијата каде што Исус ги испраќа своите следбеници во проповедничкото дело. Руфино дошол до заклучок дека и христијаните денес треба да го вршат истото дело. Така почнал со своите соседи да ги споделува библиските вистини кои ги учел.

Со Руфино била започната редовна библиска студија, и му било кажано за собраниските состаноци. Следната недела бил во Салата на Царството. Иако Руфино имал 80 години, пешачел три часа за да стигне таму! Од тој ден па натаму, ниту еднаш не пропуштил ниеден состанок освен кога бил многу болен. Дури се запишал и во Теократската школа за служба и одржал добар говор. Минатата година, Руфино се разболел и, во јули 1996, починал со цврста надеж за воскресение на рајската Земја.

Веруваме дека и Вие ќе извлечете корист од читањето на атрактивно илустрираната книга од 256 страници — Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Ако би сакале да добиете примерок од неа или би сакале да имате бесплатна домашна библиска студија, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или до соодветната адреса на страница 5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели