ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/11 стр. 31
  • Проѕевање на дивината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проѕевање на дивината
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2012
  • Очи в очи со горили
    Разбудете се! 2012
  • Кога ќе рикне лавот
    Разбудете се! 1999
Разбудете се! 1997
g97 8/11 стр. 31

Проѕевање на дивината

Кога некој се проѕева во јавност, луѓето можат да помислат дека не е учтив или, во најмала рака, дека му е крајно досадно. И покрај правилата на бонтон, проѕевањето всушност служи за една сосема корисна намера. Проѕевањето е неумислено вдишување. Обично се проѕеваме навечер кога сме исцрпени од дневните активности или наутро откако ќе се разбудиме. Длабокото проѕевање служи за да ја зголеми нашата резерва со кислород и може моментално да нѐ освежи; обично е дел од процесот на будењето.

Но, дали сте знаеле дека и животните се проѕеваат, иако не секогаш заради подобра вентилација? Причината зошто го прават тоа честопати е прилично фасцинантна. На пример, мајмуните понекогаш се проѕеваат за да пренесат некоја порака. Широко отворената уста и разјареното прикажување на забите е начин на кој се испраќа предупредување до соперничкиот мајмун мажјак или до наводниот грабливец. Пораката: ‚Страшно касам. Подалеку од мене!‘

Забележано е дека и мачките грабливки од африканските рамници честопати се протегаат и проѕеваат пред да тргнат на лов. Како кај луѓето, проѕевањето кај мачките служи како физиолошка функција — да се прими додатен воздух во белите дробови. Тоа го зголемува кислородот во крвта. Срцето потоа брзо го носи до другите делови од телото, веднаш обезбедувајќи енергија за кратки хајки со голема брзина.

Замислете, забележано е дека дури и рибите се проѕеваат! Книгата Inside the Animal World раскажува за риби кои понекогаш „се проѕеваат како предигра за брзото движење . . . Рибите се проѕеваат и кога се возбудени или кога ќе видат непријател или храна, во сите прилики кога е потребна брза акција“.

Веројатно најимпресивното проѕевање од сите е она на нилскиот коњ, односно веемот. Тоа крупно суштество може да ја протегне својата огромна пештереста уста до неверојатни 150 степени! Проѕевањето на еден стар нилски коњ мажјак му овозможува на сите други во нилскиот базен да им покаже кој е газда. Служи и како забесто предупредување на какви и да било натрапници кои би се осудиле бесправно да навлезат во неговата речна територија.

Затоа, иако не ја предизвикува драмата на лавовското рикање, проѕевањето — без разлика дали е сонливо проѕевање, заканувачко проѕевање или едноставно проѕевање кое дава енергија — служи за една корисна намера. Тоа е само уште еден пример на зачудувачката креативност на Дизајнерот на животинското царство!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели