„Тоа беше првата книга што некогаш ја прочита“
Јеховините сведоци во Украина честопати разговараат со оние кои чекаат возови. На една жена која покажала интерес за Библијата ѝ бил даден примерок од Моја книга со библиски приказни, публикација која обилно користи слики во својата хронолошка историја на Библијата.
Подоцна, на истата станица, жената пак го видела Сведокот и му се заблагодарила за книгата, објаснувајќи: „Син ми не сакаше да учи од своите школски книги. Скоро никогаш не ги читаше. Но, кога му ја дадов книгата Библиски приказни, ги виде сликите и имаше силна желба да ја чита. Ја прочита целата книга во рок од околу две недели. Тоа беше првата книга што некогаш ја прочита. Но најмногу од сѐ, се радуваше што го запозна Бог. И јас самата се радувам што ги гледам тие промени кај него. Ве молам, дајте ми уште нешто за читање“.
Една друга жена стоела во близина и ја слушнала оваа приказна. Таа прашала дали може да добие примерок од Моја книга со библиски приказни. И Вие можете да добиете примерок од оваа книга со 256 страници или некој да Ве посети дома за да дискутира со Вас за вредноста од библиското образование, така што ќе пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или до најблиската адреса наведена на страница 5.