Помош за еден брак кој се распаѓал
Една жена од Северниот остров на Нов Зеланд го напишала следново во врска со книгата Тајната на семејната среќа: „Кога првпат седнав да ја проучувам таа публикација, имав чувство дека мојот брак беше на точката каде што јас можев или ‚да го поправам или да го уништам‘“.
Таа ја објаснила својата позадина. „Мајка ми помина низ два брака во кои беше многу малтретирана. Како резултат на тоа, секогаш нѐ поучуваше дека мажите се безвредни и дека сакаат само да ги угнетуваат жените. Така, јас израснав во една многу тврдоглава, инаетлива жена која не се повлекуваше од ниедна расправија“.
Таа жена ја увидела потребата од промени. „Сфатив дека, поради тоа што не му бев подложна на мојот сопруг и поради тоа што бев премногу горда, ја пропуштав шансата за семејна среќа.“ Затоа направила витални преиначувања, како што објаснува: „Мојот сопруг и јас сега ја проучуваме книгата како семејство и јас сѐ уште учам како да бидам христијанска сопруга. Многу сме среќни со тоа до каде сме стигнале сега, но сѐ уште треба да поминеме долг пат.
Нашиот дом никогаш не бил толку исполнет со љубов и не бил толку мирољубив како што е денес“.
Доколку сакате бесплатен примерок од брошурата од 32 страници Што бара Бог од нас? во која во 8. лекција се зборува за еден „Семеен живот кој му е допадлив на Бог“, пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5. Доколку сакате некој да води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме наведете го тоа.