„Освежување во овој разбрануван свет“
ТАКА 22-годишниот Игор од Југославија го опишал списанието Стражарска кула во едно писмо минатата година. Тој објаснил:
„Почнав да го читам списанието Стражарска кула пред неколку месеци. Читам и нови и стари изданија од Стражарска кула (од 1991) и многу ми се допаѓаат. Мислам дека едно вакво списание е вистинско освежување во овој разбрануван свет.
Посебно ми се интересни статиите што ги објавивте во врска со мисионерите, па од таа причина и ви пишувам. Како прво, заинтересиран сум да дознаам дали би можел да станам Јеховин сведок. Морам да кажам дека сум католик, но мислам дека вашата религија е многу подобра од која и да е друга, особено затоа што ниедна друга религија не вложува толкави напори за да ја шири Божјата Реч.
Доколку фактот што сум католик не претставува пречка, заинтересиран сум да дознаам како можам да станам Јеховин сведок. Имам само една желба. Ако воопшто е можно, би сакал да се крстам во Белград. Ако тоа е можно, ве молам кажете ми кога можам да дојдам и дали има некакви предуслови за крштавање. Ако мојата желба не може да се оствари, ве молам да ме информирате каде можам да се крстам и кому да се обратам за тоа.
Како следно, би сакал да дознаам како може да се стане мисионер. Би сакал да знам дали можам да започнам со обука за мисионерска служба веднаш откако ќе се крстам. Потребно ли е да имам извесен број години во службата? . .
Ве молам сериозно сфатете го моето писмо. Мислам дека да се биде мисионер е најдобриот начин на ширење на добрата вест за Божјето Царство.“
На 2. страница од секое издание на Стражарска кула е објаснета целта на ова списание: „Ги теши сите народи со добрата вест дека Божјето Царство наскоро ќе ги уништи оние кои ги угнетуваат своите ближни и дека Земјата ќе ја претвори во рај“. Доколку сакате примерок или би сакале некој да Ве посети и да води бесплатна библиска студија со Вас, пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 5.