Каде можеме да ги најдеме одговорите?
Сѐ повеќе луѓе се совладани од проблемите и сложените прашања со кои се соочуваат денес. Како треба да гледаме на лажењето? Исправно ли е да се коцкаме? Што е со вплетканоста во спиритизам? Како треба да гледаме на абортусот? Дали е неисправно пијанството или, пак, сексуалните односи меѓу невенчани лица?
Прашањата се редат и понатаму. И тие не го засегаат само нашиот живот туку и животите на нашите сакани. Луѓето сакаат одговори кои ќе им користат. Една таква личност од Мисисипи (Соединетите Држави), пишала до Watch Tower Society:
„На задната страница од Вашата книга Тајната на семејната среќа наидов на едно отпечатено прашање за тоа дали би сакала повеќе информации или бесплатна домашна библиска студија. Секако дека би сакала!
Уште од летото 1995 ја читам и ја проучувам својата Библија. Вложувам големи напори за да го доведам моето разбирање на Библијата на она ниво кое мене лично може да ми користи за моите духовни цели и, што е уште поважно, за да ги поучувам другите. Ако велите дека испраќате бесплатни информации, сосема се сложувам!“
Доколку и Вие сакате да добиете примерок од книгата од 192 страници, Тајната на семејната среќа, или, пак, би сакале некој да води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме пишете до Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 5.