На Индија и Кина им се заканува тутунот
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИНДИЈА
ДОДЕКА во западниот свет се засилува контролата на рекламирањето цигари и се зголемува образованието во поглед на опасноста за здравјето од пушењето цигари, гигантските тутунски компании се свртија кон Истокот за да ја продаваат својата стока. Истражувањата што ги финансираше Светската банка предвидуваат дека во Кина, до 2010 година, бројот на смртни случаи кои се последица на пушењето би можел да достигне еден милион годишно. British Medical Journal навел дека 100 милиони Кинези помлади од 29 години ќе умрат како последица на пушењето.
Светската здравствена организација предвидува дека, освен Кина, на ред за „најголем и најбрз пораст на болести поврзани со пушењето“ стои и Индија — со своето население од речиси една милијарда луѓе. Извештаите тврдат дека секоја година таму почнуваат да пушат околу 20 милиони деца. Еден човек од Јужна Индија многу години пушел цигара за цигара. Тој пиша до издавачите на Разбудете се! изразувајќи ценење за една статија во ова списание што му помогнала сосема да прекине со пушењето. Тоа била статијата „И Вие можете да прекинете — ние прекинавме!“, што излезе во изданието од 8 март 1999.
Кои причини можете да ги наведете за да се прекине со пушењето? Некои причини кои поттикнуваат на размислување се наоѓаат на 25 страница од брошурата со 32 страници Што бара Бог од нас? Можете да добиете примерок ако го пополните и испратите придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Што бара Бог од нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.