ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/4 стр. 3
  • Пионери во медицината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пионери во медицината
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Сѐ поголема побарувачка за бескрвна медицина и хирургија
    Разбудете се! 2000
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Лекарите одново ја разгледуваат бескрвната хирургија
    Разбудете се! 1999
  • Зошто Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв?
    Најчесто поставувани прашања
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/4 стр. 3

Пионери во медицината

КОГА имал 61 година, на Жозе, Белгиец од гратчето Упеј, му рекле дека ќе треба да му се изврши трансплантација на црниот дроб. „Тоа беше најголемиот шок во мојот живот“, вели тој. Само пред четири децении беше незамисливо да се изврши трансплантација на црниот дроб. Дури и во 1970-тите, стапката на преживување беше само околу 30 проценти. Меѓутоа, трансплантацијата на црниот дроб денес се извршува рутински и со многу поголем успех.

Но, сѐ уште постои една голема слаба страна. Бидејќи при трансплантацијата на црниот дроб честопати доаѓа до обилно крвавење, лекарите обично даваат трансфузија на крв во текот на операцијата. Заради своите религиозни верувања, Жозе не сакал да прими крв. Но, сакал да се изврши трансплантацијата на црниот дроб. Невозможно? Некои можеби ќе помислат така. Но, главниот хирург мислел дека тој и неговите колеги имаат добра шанса да извршат успешна операција без употреба на крв. Токму тоа и го сториле! Само 25 дена по операцијата, Жозе се вратил дома кај својата сопруга и ќерката.a

Благодарение на вештината на оние кои списанието Time ги нарекува „херои на медицината“, бескрвната медицина и хирургија денес се повообичаени од кога и да било порано. Но, зошто се толку барани? За да одговориме на ова прашање, треба да ја испитаме немирната историја на трансфузијата на крв.

[Фуснота]

a За Јеховините сведоци, операциите на трансплантација на органи се работа на совеста на поединецот.

[Слика на страница 3]

Во светот моментално има повеќе од 90.000 лекари кои изјавиле дека се спремни да ги лекуваат Јеховините сведоци без употреба на крв

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели