19 април 2000 — ден за сеќавање
ВЕЧЕРТА пред да умре, Исус поделил еден бесквасен леб и чаша вино со своите апостоли и рекол: „Правете го ова за Мој спомен“ (Лука 22:19).
Оваа година, годишнината на овој настан се паѓа в среда, на 19 април, после зајдисонце.
Затоа, Јеховините сведоци ширум светот ќе се соберат оваа посебна ноќ за да го прослават Меморијалот онака како што барал Исус. Срдечно сте поканети да ни се придружите како набљудувачи. Ве молиме, за точното време и место на состанокот информирајте се кај Јеховините сведоци во Вашата околина.