Го нашле она што било изгубено
Минатата година, во Мериленд (САД), еден човек љубезно одбил да ги земе списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Меѓутоа, неговата млада ќерка прашала дали ќе може да ги земе таа и татко ѝ се согласил. Тие го чистеле автомобилот и го исфрлале ѓубрето во еден контејнер кој бил во близина. Загрижен дека тие би можеле да ги фрлат списанијата, Сведокот што им ги понудил одлучил да се врати малку подоцна и да провери дали се во контејнерот.
Списанијата не биле таму, но нашол една женска чанта и паричник. Веднаш отишол да ја побара жената чија адреса била во чантата. Кога се приближиле до нејзиниот дом, двајцата Сведоци кои оделе кај неа здогледале средовечна жена како води еден пастув во шталата. Кога ѝ ги дале најдените работи, жената рекла: „Фала му на Бога, сите важни работи се овде — пасошот, чековната книшка, кредитните картички и документацијата за коњот“. Рекла дека тие работи ѝ биле украдени претходната вечер. Бидејќи контејнерот само што не бил испразнет, било среќна околност тоа што некој погледнал во него.
Жената понудила награда, но наместо да ја прифати, брачната двојка што ја вратила чантата и паричникот ѝ ја дала брошурата Што бара Бог од нас? За да го покаже своето ценење, жената напишала чек за да се искористи за унапредување на светското дистрибуирање на вакви библиски публикации. Оттогаш таа покажува вистински интерес за библиска студија.
Ако сакате да добиете бесплатен примерок од брошурата од 32 страници Што бара Бог од нас? пополнете го и испратете го по пошта придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Што бара Бог од нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.