„Никогаш порано не сум прочитала ваква книга“
Младиот Вукаш, кој живее во близина на Шчеќинек во северна Полска, бил фасциниран од книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Затоа одлучил да ја однесе на училиште и да ѝ ја даде на својата наставничка по физика. Ѝ обрнал внимание на информациите во поглед на универзумот. Ѝ ја покажал илустрацијата на 78. страница (прикажана овде). Во неа се истакнати алтернативи во врска со потеклото на универзумот, за кои можете да размислувате и Вие.
Подоцна наставничката му рекла на Вукаш: „Никогаш порано не сум прочитала ваква книга. Сложени научни информации во неа се објаснети толку кратко, едноставно и логично! Да ја добиев порано, немаше да го купам најновиот прирачник по физика за средно училиште. Сигурно ќе ја користам на моите часови“.
Како резултат на тоа што ја прочитале книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?, многумина биле поттикнати подлабоко да размислат за потеклото и смислата на животот и за тоа како сме настанале. Што е уште поважно, на многумина им помогнала да донесат информирани заклучоци.
И Вие можете да нарачате еден примерок од оваа книга од 192 страници ако го пополните придружниот купон и ако го испратите на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Испратете ми еден примерок од книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.
[Извори на слики на страница 32]
Со љубезна дозвола на Anglo-Australian Observatory, фотографија на Дејвид Малин
„Столбови на создавањето“ на насловната страница на книгата: Џ. Хестер и П. Скоуен (AZ State Univ.), НАСА