ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/9 стр. 32
  • Некој ги гледал

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Некој ги гледал
  • Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2002
g02 8/9 стр. 32

Некој ги гледал

ДВАЈЦА тинејџери влегле да појадуваат во некој ресторан во едно гратче во Охајо (САД). Како што имале обичај, пред да јадат ги наведнале главите и се помолиле во себе.

Потоа, некоја жена што ги гледала пристапила до нивната маса и ја зела сметката. Им рекла: „Во свет во кој слушаме толку многу лоши работи за нашата младина, многу е освежувачки да се видат двајца млади луѓе што одвојуваат време да му се заблагодарат на Бог за храната. Би сакала да Ви го платам појадокот“.

Момчињата биле изненадени, но успеале да се заблагодарат. Потоа тие размислиле за тоа дека не можат да ја остават жената да мисли дека се молеле на кој и да е Бог. Затоа, едниот од нив отишол кај госпоѓата и, откако повторно ѝ се заблагодарил, ѝ објаснил дека тие се Јеховини сведоци.

Јеховините сведоци имаат обичај да ја проучуваат Библијата со своите семејства. Родителите на овие момчиња го правеле тоа. Една од публикациите што ја проучувале семејствата е книгата Спознание кое води до вечен живот. Едно од 19-те поглавја што ги содржи оваа книга е поглавјето за молитвата со наслов „Како можеш да му се приближиш на Бог“.

Можете да нарачате примерок од ова помошно средство за проучување на Библијата од 192 страници со тоа што ќе го пополните придружниот купон и ќе го испратите на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Испратете ми еден примерок од книгата Спознание кое води до вечен живот.

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели