„Морав да дознаам повеќе“
МИНАТАТА година, една жена напишала: „Вчера ја добив брошурата Што бара Бог од нас? што ја нарачав по пошта“. Таа објаснила дека претходно добила две списанија со нарачка за оваа брошура. „Нестрпливо чекав да пристигне затоа што, откако ги прочитав нарачките, ми беше јасно дека морав да дознаам повеќе“, рекла таа. „Кога ја добив брошурата, почнав да ја читам колку што можев поскоро. Сѐ што пишува во Вашата брошура е логично и се темели на Библијата.“
На крајот напишала: „Чувствувам дека итно треба да сторам нешто во врска со она што го прочитав“.
Веруваме дека и Вие ќе извлечете корист кога ќе ја прочитате брошурата од 32 страници Што бара Бог од нас? Освен привлечната лекција „Кој е Исус Христос?“, ќе најдете и други, вклучувајќи ги „Кој е Бог?“, „Која е Божјата намера со земјата?“ и „Што е Божјето Царство?“ Ако сакате да си нарачате примерок, пополнете го придружниот купон и испратете го на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Доставете ми примерок од брошурата Што бара Бог од нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.