ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/3 стр. 32
  • Жалеа поради неговата смрт

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Жалеа поради неговата смрт
  • Разбудете се! 2003
Разбудете се! 2003
g03 8/3 стр. 32

Жалеа поради неговата смрт

На 12 јануари минатата година, Џеси Барнс, главен електричар, умрел од повреди што ги добил додека работел на една владина зграда во Вашингтон (Д.К.). Таму работел од 1995. „Сите го сакаа Џеси“, рекол еден раководител. Една службеничка рекла за Џеси: „Тој беше таков човек што, дури и ако го сретнете само еднаш, нема да го заборавите“. Таа исто така забележала: „Тој никогаш не ни ги плескаше в лице своите верувања, но кога ќе ги чуеше другите како пцујат, им велеше да внимаваат што зборуваат“.

Џеси, кој умрел на 48 години, станал Јеховин сведок во 1993. Двајца службеници ја поканиле неговата вдовица, Морин, да ги посети, и тие се сретнале на 20 март. На секого од нив, таа му ја оставила брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш и видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името. Двајцата се заблагодариле за подароците. Едниот од нив рекол дека многу ја цени таа посета затоа што неодамна го изгубил својот татко и му било тешко.

Можеби и Вие или некој што го познавате ќе се утеши кога ќе ја прочита брошурата од 32 страници, Кога ќе умре некој што го сакаш. Можете да нарачате примерок од неа ако го пополните придружниот купон и ако го испратите на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Доставете ми примерок од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш.

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели