„Потрагата на човештвото по Бог“
Вака гласел насловот на уводната статија што била објавена во весникот Excelsior од 25 септември 2002, кој излегува во Мексико Сити. Ја напишал Карло Кочоли, познат мексикански изучувач и писател. Неговата статија започнува со следниве зборови:
„Штотуку прочитав — или да речам препрочитав, а најдобро ќе биде да речам пре-препрочитав — една впечатлива мала црвена книга — не онаа што беше многу популарна во времето на Мао Це-тунг. Оваа книга [Потрагата на човештвото по Богa] не само што е многу повпечатлива книга туку, за разлика од ‚Малата црвена книга‘ на Мао Це-тунг што застаре со одминувањето на времето, веројатно никогаш нема да застари. Едноставно речено, оваа книга е подарок од Јеховините сведоци за светот. Во споредба со повеќето книги таа е мала, но по содржината е величествена. Може да се носи в џеб, но дури и да се најде во библиотека со 90.000 други книги, веројатно ќе биде најважна од сите нив“.
Понатаму, г-н Кочоли пишува за оној период од својата младост кога одлучил која кариера да ја избере. Тој објаснува: „Кога се запишав на факултет одлучив специјалност да ми биде она што најмногу го привлекуваше мојот интелект и што ми лежеше на душа: религиите, особено источните религии“. Тој вели дека бил фасциниран од изучувањето на религиите и дека во текот на Втората светска војна изработил докторат на таа тема.
„Затоа“, објаснува тој, „се чувствувам сосема компетентен да кажам дека малата црвена книга што ја добив е многу длабоко и важно дело што ја обработува темата на појава на религијата . . . [Оваа книга] треба да ја има во секој дом за да се отвора, да се чита и одвреме навреме да се препрочитува. Не содржи никаква религиозна пропаганда туку, напротив, таа е едно длабоко културно дело, дело на човекот кој во душата тежнее да ја истражи сложената мистерија на Бог.“
На крајот на статијата, г-н Кочоли го навел телефонскиот број на жената Сведок што му ја дала книгата. Оттогаш таа добила многу повици за нарачка, а канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Мексико се погрижила да добијат примерок сите што се заинтересирале за книгата Потрагата на човештвото по Бог. Еден човек што нарачал 20 примероци за своето семејство и пријателите сега ја проучува Библијата и добро напредува.
[Фуснота]
a Поновите изданија на оваа книга се отпечатени со меки корици, кои не се со црвена боја.