„Горе навистина има некој“
Едно 13-годишно девојче од Њу Мексико (САД), напишало: „На часот по природни науки, во текот на една дискусија во врска со еволуцијата, отворено зборував за сите докази дека постои Творец. На наставникот му однесов еден примерок од книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? и го замолив да ја прочита, објаснувајќи му дека мене многу ми помогнала. Љубезно се заблагодари и ја зеде книгата.
По неколку седмици, ми пријде и ми рече дека ја прочитал книгата и мисли дека таа е една од најдобрите книги што ги прочитал.
По кратко време, една убава 15-годишна девојка од нашето училиште се самоуби. Многу ученици плачеа и беа вознемирени кога дојдоа на часот. Се изненадив кога наставникот започна со одделението дискусија во врска со тој настан. Тој почна со зборовите: ‚Знаете ли што ми помогна да се справам со овој смртен случај?‘ Тогаш објасни дека тоа е она што јас сум го направила за него. Наставникот рече: ‚Таа ми ја даде оваа мала книга со наслов Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Книгата ми помогна да дознаам дека горе навистина има некој што се грижи за нас, па дури и кога никој друг не нѐ слуша, тој е тука!‘ Се чинеше дека неговите зборови ги успокоија и ги утешија сите во одделението“.
Сте се запрашале ли некогаш дали има цврсти научни докази што укажуваат дека постои Творец? Ако е така, има ли причина да верувате дека тој се грижи за нас? Ве охрабруваме да ја прочитате оваа извонредна книга од 192 страници.
Можете да го пополните овој купон и да го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.
[Извор на слика на страница 32]
J. Hester and P. Scowen (AZ State Univ.), NASA