Еден адвокат се обраќа за помош
Еден адвокат, на кој му било жал што толку многу бракови завршуваат со развод, го напишал следново до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Бразил: „Повеќето од клиентите што доаѓаат кај мене веќе имаат поведено постапка за разделување. Многу сум вознемирен кога ми кажуваат од кои причини се разведуваат — на пример, поради слаба комуникација и затоа што немаат вистинска љубов. Тие воопшто немаат претстава какви совети се дадени во вашите публикации“.
Бидејќи ги познава Јеховините сведоци, овој адвокат пишува: „Ќе ви бидам многу благодарен ако ми испратите материјал што ќе можам да им го дадам на клиентите, а кој ќе им помогне да размислат за сериозноста на бракот, да ја преиспитаат својата одлука и повторно да уживаат во заеднички хармоничен и среќен живот“.
Доколку сакате да добиете скапоцени библиски совети за тоа како да имате добар брак, ќе ни биде мило да ви испратиме примерок од книгата Тајната на семејната среќа. Во неа се разгледани два клучни фактора што овозможуваат двојките да живеат среќно и да уживаат во благословите на заедничкиот живот. Можете да нарачате примерок од оваа книга така што ќе го пополните овој купон и ќе го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Тајната на семејната среќа.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.