ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/2 стр. 32
  • Ѝ донела Утеха

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ѝ донела Утеха
  • Разбудете се! 2005
Разбудете се! 2005
g05 8/2 стр. 32

Ѝ донела Утеха

Една дваесет и двегодишна девојка од Јапонија неодамна напиша дека страда од депресија уште од својата единаесетта година. Во писмото вели дека голема утеха ѝ донела сликата на еден татко кој во рацете држи детенце. (Оваа слика излезе во нашето придружно списание Стражарска кула.) Текстот под сликата гласеше: „Слично на топлата прегратка на еден татко полн со љубов, Јеховините утехи можат да ги олеснат нашите тегобни грижи“.

Читањето на книгата Учи од Големиот учител ѝ донело слична утеха и нејзе. На кој начин? „Книгата е напишана така што звучи како еден татко да му зборува на своето детенце. Кога ја читам, имам чувство како Јехова да ме земал в раце, и не можам да ги задржам солзите. Некогаш посакувам да има некој крај мене што само ќе ме слуша, а другпат посакувам некој да ми зборува а јас да слушам. Но, вакво нешто би посакало едно мало дете — јас сигурно не можам да му речам на некого да ме земе в раце или да ми зборува. Така, сега за сега, Јехова е тој што, со помош на оваа книга, го прави тоа за мене“.

Оваа прекрасна, илустрирана книга од 256 страници беше издадена пред две години. Можете да нарачате примерок од неа така, што ќе го пополните овој купон и ќе го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Учи од Големиот учител.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно проучување на Библијата во мојот дом.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели