ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 32
  • Навираат драги спомени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Навираат драги спомени
  • Разбудете се! 2005
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 32

Навираат драги спомени

Откако ја добила книгата Учи од Големиот Учител, една жена решила да ѝ однесе примерок и на својата постара сестра. Сестрата, која има над 80 години, има Алцхајмерова болест. Меѓутоа, 70 години ревносно ја проучувала Библијата и поучувала за неа. Но, не се сеќава речиси на ништо од поново време и ретко зборува со некого.

„Првиот ден“, се присетува помладата сестра, „ѝ објаснив дека книгата е наменета да им помогне на родителите да ги всадат библиските начела и учења во своите деца и дека сакам да ѝ ја читам. Не рече ништо. Но, кога почнав да ѝ читам, живна и одговори речиси на сите прашања што беа поставени додека читав. Понекогаш, додека цитирав некој стих, таа ќе го довршеше напамет — но според преводот King James Version, на којшто се сеќаваше од својата младост. Одвреме-навреме ќе ме фатеше за рака додека читав некој библиски извештај и ќе речеше: ‚О, се сеќавам на тоа!‘

Пред да си одиме со маж ми — откако ѝ ја прочитав речиси половина книга — посака уште да слуша. Маж ѝ, кој се грижи за сите нејзини потреби, продолжи да ѝ го чита остатокот од книгата. Оваа случка со сестра ми ми помогна да сфатам од колкава вредност е да им се читаат вакви публикации на постарите и на болните.“

Оваа книга од 256 страници и убави слики, со ист формат како ова списание, ја сакаат и младите и старите. Иако поуките што се темелат на учењата на Исус Христос се раскажани на едноставен начин, темите одговараат за луѓе од сите возрасти. Можете да добиете примерок така што ќе го пополните придружниот купон и ќе го испратите на наведената адреса или на соодветната адреса од 5. страница во ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Учи од Големиот Учител.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели