„Навистина е нешто извонредно!“
◼ Еден наставник по географија од Бразил се воодушевил од образовната вредност на Разбудете се! Тој напишал: „Во ова списание наоѓам повеќе материјал за моите часови отколку што наоѓам во школските учебници. Иако имам поинакви религиозни убедувања, потполно се сложувам со вредностите кои ги застапува списанието Разбудете се!“
Овој наставник увидел дека Разбудете се! е само една од многуте публикации што ги издаваат Јеховините сведоци. Тој напишал: „Еден ученик во шесто одделение ми ја позајми брошурата „Види ја добрата земја“. Зачуден сум од квалитетот на информациите. Навистина е нешто извонредно! Кога човек може да си ги претстави библиските настани и да најде каде се случиле, неговото проучување на Библијата добива уште подлабоко значење, особено ако станува збор за млади луѓе“.
Понатаму додава: „Вашите публикации се насекаде: во автобус, кај учениците, дури и во редот за чекање во банка. Мило ми е што гледам дека им се достапни и на луѓе кои имаат голема потреба од добри информации, но многу тешко доаѓаат до нив. Честитки за одличната работа што ја вршите“.
Брошурата „Види ја добрата земја“ е издадена на околу 80 јазици. Во неа има многу карти во боја и фотографии кои покажуваат различни подрачја од светот за кој зборува Библијата, а особено на Ветената земја во различни временски периоди. Можете да побарате примерок од оваа брошура од 36 страници (ја нема на македонски) ако го пополните купонот долу и го испратите на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите дадени на 5. страница.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата Види ја добрата земја.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.
[Извор на слика на страница 32]
Корици на брошурата: Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.