„Неверојатна е!“
„Толку е лесна за читање, сликите оставаат голем впечаток, додатокот со дополнителни информации е од голема помош. Книгата едноставно ти допира до срце. Неверојатна е!“ (Џон и Пола).
„Книгата Што навистина учи Библијата? е толку јасна и едноставна што просто ти го одзема здивот! Таа сигурно ќе ги поттикне новите интересенти да ги остават сите работи што ги спречуваат да му служат на Јехова со цело срце. Веројатно можете да видите дека сум одушевен од книгата повеќе отколку што може да се изрази со зборови“ (Џо).
„Сте успеале да го пренесете токму она за што размислуваат луѓето, токму она што им се врти во мислите. И сите одговори се дадени од Божјата реч, Библијата“ (Роберт).
„Книгата е навистина прекрасна, и напишана е со толку разбирливи реченици и убави објаснувања. Сигурно ќе допре многу срца“ (Норма).
Книгата Што навистина учи Библијата, со 224 страници и со убави слики, сега е достапна на преку 140 јазици. Можеш да нарачаш примерок ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.
Нарачај си личен примерок!
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Што навистина учи Библијата?
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.