ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/06 стр. 32
  • Помош за една девојка со проблеми

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош за една девојка со проблеми
  • Разбудете се! 2006
Разбудете се! 2006
g 10/06 стр. 32

Помош за една девојка со проблеми

СИБИЈА, 13 годишна ученичка од Мексико, забележала дека една нејзина соученичка честопати доаѓа на училиште расплакана. Се обидела да ја утеши. Еден ден, соученичката ѝ се доверила на Сибија дека татко ѝ е алкохоличар и дека ја тепа мајка ѝ.

Сибија раскажува: „Ми кажа дека повеќе не сака да живее, дека дури се обидела и да се самоубие. Рече дека никој не ја сака и дека се чувствува потполно осамена. Јас ѝ реков дека има Некој што многу ја сака — најважната Личност во универзумот. Потоа ѝ објаснив каква намера има Бог со луѓето“.

Подоцна Сибија ѝ ја дала на својата соученичка книгата Младите прашуваат — делотворни одговори и почнале секој ден заедно да ја проучуваат на училиште, за време на одморите. Девојката полека-полека се менувала и повеќе не била повлечена туку почнала да зборува и да се смее со другите. Во едно писмо ѝ напишала на Сибија: „Фала ти многу за тоа што си ми пријател и за разбирањето. Ти си ми како сестра што отсекогаш сакав да ја имам. Сега знам дека некој мисли и на мене — Јехова“.

Можеби и ти познаваш некоја млада личност на која ќе ѝ помогне книгата Младите прашуваат. Некои од 39-те поглавја во неа се: „Како можам да стекнам вистински пријатели?“, „Што е со предбрачниот секс?“ и „Како да знам дали е тоа вистинска љубов?“ Можеш да нарачаш примерок ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е овде прикажана.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели