ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/06 стр. 32
  • Многу ценет подарок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Многу ценет подарок
  • Разбудете се! 2006
Разбудете се! 2006
g 12/06 стр. 32

Многу ценет подарок

И оној што дава и оној што добива се радосни кога подарокот ќе задоволи некоја потреба и кога е вистински ценет. Неодамна, една висока службеничка во Мексико пратила писмо до подружницата на Јеховините сведоци за да ја изрази својата благодарност за книгата Учи од големиот Учител. Еве дел од нејзиното писмо:

„Содржината на оваа книга е навистина од непроценлива вредност. Гледам дека, иако информациите се темелат на една многу стара книга, тие се корисни и денес и важат за нашиот секојдневен живот.

Уверена сум дека, како родители, треба да всадиме во нашите деца вредности кои ќе им помогнат да проценат како да постапуваат, ќе ги оспособат за животот и ќе им помогнат да се однесуваат со почит и да бидат чесни во овој свет во кој ги нема тие работи. Пред сѐ, треба да им помогнеме да сфатат дека постои едно грижливо, љубезно Врховно Битие. Верувајте ми, материјалот што ми го пративте ќе ми биде од голема помош, како на професионален план, така и во задачата што како родители ни ја доверил нашиот Творец — да им помагаме на нашите деца да израснат во луѓе што ќе ги сакаат своите ближни“.

Оваа службеничка увидела колку се скапоцени поуките што ги добиваме од учењата и примерот на Исус Христос кои се изнесени во книгата Учи од големиот Учител. И ти можеш да ја добиеш оваа книга од 256 страници во која има прекрасни слики. Можеш да нарачаш примерок ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е овде прикажана.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели