ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/07 стр. 32
  • Нивниот брак бил спасен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нивниот брак бил спасен
  • Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2007
g 2/07 стр. 32

Нивниот брак бил спасен

Во Јужноафриканската Република, една сопственичка на фирма забележала дека Бела, која била вработена кај неа, има проблеми во бракот. Затоа ја замолила Танди, која е Јеховин сведок, да разговара со Бела. Од разговорот, Танди дознала дека Бела решила да се разведе од сопругот.

Танди ѝ дала на Бела два примерока од книгата Тајната на семејната среќа и ја поттикнала да му ја даде едната книга на сопругот. Бела ја послушала. Една седмица подоцна, ѝ кажала на Танди дека тој ја чита книгата и дека односите меѓу нив се подобруваат. Три месеци подоцна, Бела ѝ кажала на Танди дека Бог им го спасил бракот затоа што му се молеле и ја прочитале книгата Семејната среќа. Но, ова не е сѐ.

Кога сопственичката на фирмата на Бела разбрала што се случило, нарачала книги за целиот персонал. На крајот, на вработените во таа фирма им биле врачени повеќе од сто примероци од книгата Семејната среќа, која има 192 страници. Меѓу поучните поглавја во неа се и следниве: „Ако бракот е пред распаѓање“, „Заштити го своето семејство од погубни влијанија“ и „Зачувај мир во своето домаќинство“.

И ти можеш да ја нарачаш книгата Тајната на семејната среќа ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели