ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/07 стр. 32
  • „Следи го Христос!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Следи го Христос!“
  • Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2007
g 6/07 стр. 32

„Следи го Христос!“

Обласен конгрес на Јеховините сведоци

Овие тридневни конгреси започнаа да се одржуваат во Соединетите Држави во мај, а ќе продолжат да се одржуваат и во 2008 год. во стотици градови низ целиот свет. Во повеќето места програмата ќе започне со музички вовед во петок, во 9.20 часот. Во текот на сите три дена од конгресот ќе се зборува за Исус.

Темата на програмата во петок е: „Да го впериме погледот во Главниот Застапник и Усовршител на нашата вера, Исус“ (Евреите 12:2). Првиот говор носи наслов: „Зошто да го следиме Христос?“ Ќе има и циклус од три дела со наслов: „Да ја разбереме улогата на Исус како Поголемиот... Мојсеј, Давид, Соломон“. Претпладневната програма ќе заврши со клучното предавање: „Уникатната улога на Исус во Јеховината намера“.

Првиот говор во петок попладне е: „Го најдовме Месијата!“ По него следи говорот со наслов: „Да ги пронајдеме богатствата ‚кои се скриени во него‘“. Во едночасовниот циклус, кој се состои од пет дела и носи наслов „Размислувајте така како што размислуваше Христос“, ќе ги слушнеме следниве говори: „Љубезно ги прими“, „Стана послушен сѐ до смртта“ и „Им покажуваше љубов до крај“. Програмата за тој ден ќе заврши со говорот „Тие го следат Јагнето каде и да појде“.

Темата на програмата во сабота е: „Моите овци го слушаат мојот глас, и... одат по мене“ (Јован 10:27). Во едночасовниот циклус предавања со наслов „Следи го примерот на Исус во службата“, ќе бидат изнесени практични предлози за тоа како да си ја подобриме службата. По говорите „Тој ‚ја сакал праведноста и го мразел беззаконието‘ — а ти?“ и „,Спротивставете му се на Ѓаволот‘ по примерот на Исус“, претпладневната програма ќе заврши со говорот за крштавање, по кој ќе се крстат оние што ги исполнуваат условите за тоа.

Програмата во сабота попладне ќе започне со циклусот „Не поведувајте се по...“ Тој се состои од следниве шест дела: „Мнозинството“, „Своето срце и своите очи“, „,Ништожните‘ работи“, „Лажни учители“, „Измислени прикаски“ и „Сатана“. Потоа следат говорите: „Поуката од Јехова — најдоброто можно образование“ и „Помогни им да се вратат во стадото“. Програмата ќе заврши со еден посебен говор со наслов „Појди по мене!“

Темата во недела е „Продолжи ‚да одиш по мене!‘“ (Јован 21:19). По говорот со наслов „Не барај изговор за да не го следиш Христос“, ќе следи циклус од шест дела, „Бисери од Проповедта на гората“. Во него ќе бидат обработени следниве изјави на Исус: „Среќни  се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“, „Прво помири се со братот“ и „Давајте, и ќе ви се даде“. Претпладневната програма ќе заврши со јавното предавање: „Кои се вистинските следбеници на Христос?“ Многу интересен дел од попладневната програма е костимираната драма која се темели на библискиот извештај за Гиезиј, еден алчен слуга на Божјиот пророк Елисеј. Конгресот ќе заврши со говорот: „Продолжи да го следиш Христос, нашиот непобедлив Водач!“

Уште сега направете планови за да присуствувате на овој конгрес. За да дознаете каде најблизу до вас ќе се одржи конгрес, контактирајте со Јеховините сведоци во вашето место или пишете до издавачите на ова списание. Во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија и Хрватска.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели