ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/07 стр. 32
  • „Токму тоа што ни требаше!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Токму тоа што ни требаше!“
  • Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2007
g 7/07 стр. 32

„Токму тоа што ни требаше!“

Ова го кажа една мајка од Италија откако ја доби книгата Учи од големиот учител. „Не можев а да не се расплачам“, вели таа. За својата ќеркичка вели: „Таа сѐ уште не знае да чита, но благодарение на сликите, ги памти главните мисли. Многу внимателно слуша кога ѝ читаме, зашто книгата е напишана во вид на разговор, па честопати се вклучува и таа. Поубав подарок не можевме ни да добиеме“.

Еден татко од Италија кажа дека тој и жена му често се прашувале како да му ги објаснат на своето синче работите поврзани со сексот. Тие велат: „Кога излезе оваа книга, се чувствувавме како Бог да знаел што нѐ мачи. Откако ја проучивме, разговаравме за тоа дека оваа нова книга многу ќе го поттикне нашиот син сериозно и внимателно да размислува“.

Една девојка од Јапонија, која како дете била сексуално злоупотребувана, напишала писмо со благодарност за книгата: „Се изнаплакав и не можев да престанам да му благодарам на Јехова. Оваа книга многу отворено и точно кажува со кои работи може да се соочат децата во ова расипано време. Прашањата ги поттикнуваат децата да си кажат како се чувствуваат. Триесет и второто поглавје е од огромна помош за да се заштитат децата од расипани луѓе! Можеби животот ќе ми беше многу поинаков да имаше пред 20 години ваква отворена, поучна публикација“.

И ти можеш да ја нарачаш оваа книга со 256 страници и убави слики, која има ист формат како ова списание, ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на една од адресите на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели